Нема, најтешка работа е таа, ако ги миеш одма ќе скапат, чисти на рака зрно по зрно. Пред 4 недели окапав 5 дена да чистам, 10 кила, едвај ги исчистив.
Место маскарпоне било кој кремсир ама нема да биде тоа тоа. Башка маскарпонето во Кам моментално е многу ефтино. А можеш и со кисела павлака место маскарпоне.
Предлог за ручек што не одзема повеќе од 1 час/ час ипол? Ми треба повеќе предлози, да си направам листа за неделава. Инајте само на ум дека се работи за тазе домаќинка хахах Се сетив на грашак и боранија. Друго?
Грав, летна манџа, печурки, пржени / печени тиквички, модри патлиџани, компир, зелка манџа, динстани пилешки џигерчиња, пиле печено.
Пропржувам кромидче со морков и пиперка ама по на крупно, не ситно. Месо разноврсно, не само едно, свинско, пилешко, мелено како ќофтенца, телешко. Пржам прво кромидот значи, па го ставам во тавата (земјена или огноотпорна) најдоле, во истото тавче пржам прво ќофтенцата па ги ставам врз кромидот, па пилешкото, па свинското и на крај телешкото, како ги пржам така ги префрлам во тавата. На крај пржам печурки и тие ги додавам и во тавчето налевам или вода или сос од патлиџан (томатело) да зоврие. Сосот (водата) ги ставам во тавата и додавам зачини по желба. Ако ставам вода ставам во водата и едно кесенце крем супа од печурки, да се раствори. Долевам вода ако ми фали во тавата за да се покрие се и ставам да крчка во рерна. Откако ќе биде готово често знам да го отворам и одозгора да наредам кашкавал да се запече или павлака со рендан кашкавал. Сеа ќе мора да почекам за овој ручек ама така ми се пријаде...
Фала ти многу ,разгледав повеќе рецепти ,меѓутоа сите некако различни ми беа ,сакав нешто испробано. Е сега дома имам крем супа од зеленчук ,можам да ја употребам или да си земам сепак од печурки ?
Сечам, посолувам, ставам зејтин да се загрее, нит многу нит малку. Брашно, јајце, презла е редот, ама презла ретко користам, претежно само брашно и јајце. Најубави ми се вака и јадам поише него ли месо што јадам.
Хопла ја ставаш да се загрее не ја зовриваш, пред да зоврие ставаш чоколадо, колку мл хопла толку гр чоколадо. Така стопено и соединето пикни во замрзнувач, значи не матиш, со лажица мешаш (најдобро силиконска или дрвена). Кога ќе се стврдне стави во различни садови кокос, какао, јатки, мрвици, што ти е по ќеф и зимај со лажица топчиња, валкај и во тоа што сакаш протркалај ги да се соединат од сите страни. Милина е. Ова ти е рецепт ко за трафлс.
Може некој да ми даде рецепт за трдиционални полнети бабури во тавче? (Не огноотпорен сад) Значи класични полнети бабури.
Ми требаат идеи за ручек кој може да се замрзне или да биде конзервиран, готов или полуготов. Нешто што можам за 10 минути да го ставам на трпеза. Планирам да направам конзервирано месо во тегли. Имате ли некоја друга идеа?