Сакам да правам мафини, ама во хартиени корпички. Пред јадење да се лупи корпичката. Прашањето ми е: Дали хартиените корпички да ги ставам во калапчиња пред печењето или не мора? (ако ги ставам без калапи да не се расцветаат?) ???
Грл, а да ги печеш само во хартиени корпички, ама од оние што се од поцврста хартија што се наменети за печење. Со оние обични хартии немам искуство, ама ако сакаш баш така да ти се залепи хартијата за мафинката печи со вакви хартиени калапчиња, ги има по маркетите.
Мене ме интересира дали некој има рецепт околу вафли? Јас ги имам вафлите готови (купени), меѓутоа барам некои рецепти со што може да се комбинираат? Засега најдов само еден на нет, со малини и јагоди. Некој друг? Фала многу.
За благи комбинирај освен со овошје, можеш и крем, џем, мед....еве ти идеја за солени вафли http://www.coolinarika.com/tag/vafli-slani/
Да да ве сватив и јас му ставам масло ама мислев како ги полевате чоколадото го мачкате со четка или нз како....
јас моите визитарски колачи кога ги правам они што се во калапи, ги мачкам со четче за кифли што е, а оние другите малечките форми ги ставам на чачаклица и ги брцкам во топеното чоколадо, и после ги оставам на фолија да се исушат
Пааа незнам дали е за во оваа тема или можев нова да отворам ама сакав да ви покажам едн видео за сечење кромид Мене лесно ми се гледа,немам пробано вака http://www.youtube.com/watch?v=a92b0JSH ... ke-suggest И ова што можеби го видовте,ама јас останав вака ко го видов http://www.youtube.com/watch?v=0d3oc24fD-c И се пресмеав со овај јапонецов Ама добри работи прават... http://www.youtube.com/watch?v=xxNVkB23 ... ure=relmfu
Oваа сецкање на кромид јас го практикувам и е многу лесно и можам да кажам дека солзењето на очите додека го сецкате кромидот е многу малку.....
Морав да споделам со феминките мои драги Полесно, поубаво, побрзо (може да ги направите додека гостите се паркираат ) па и поефтино, здравје, а можат и како солени и благи, полнети, празни, комбинирани со се http://www.coolinarika.com/recept/761918/ Едит Волфче, телешка чорба мене ми е најубава од телешки коски со малку месо на нив, ги миеш добро па ги ставаш добро да се изварат, околу саат време, на половина од времето додавам една поголема главица кромид, една рака леќа и половина компир. Оставаш да вари уште пола саат, па додаваш морков, тиквица, неколку чешниња лук, и 2-3 коцки говедски за супа. Додаваш малку сол, и јас најчесто додавам ситно сецкани свежи печурки. вари уште 10-тина минути, па во тањирче ги вадиш компирот, кромидот, од морковот и малку од водата и ги пасираш и ги враќаш назад. Во една чаша со вода од 250мл додаваш 1-2 лажици брашно, 2 лажици сенф, една кечап, и мешаш убаво да нема грутки. Ги вадиш коските, мевцето можеш да го исецкаш и во чорбата да ставиш. Ја тргаш чорбата на страна и мешајќи додаваш од водата со брашното. Враќаш на оган и може да додадеш на крајот веќе и брокула, и уште малку лукче за да има мирис. Исто по желба можеш и малку фиде да додадеш, ама јас обично ставам една рака тарана, многу е поубаво со тарана, само немој многу, да не биде густа. При послужување можеш по желба да додадеш малку свежа крставица на коцки сецкана, ептен интересен вкус дава
Не знам дали на право место ќе го поставам прашањево ама сакам да приготвам прокељ, е сега ...... не знам како Ај некој ако знае нека ми пише или нека ме упати на соодветна тема
spagetite jas gi prigotvuvam so maslinov zejtin,luk,bukovec i rendan parmezan ili sirenje... mmm prsti da izedes em vkusno em mnogu ednostavno. sto e toa prokel? [mod-kirilica:2jpvgrnn][/mod-kirilica:2jpvgrnn]
Hе знаев кај да го поставам прашањево,вчера купив цело маринирано пиле,и не знам колку треба да го печам и на колку степени?
Јас ги правам како салата, ги варам малку и зачинувам со маслиново, сол и оцет. Вака ми се најубави без некои додатоци од павлака, пармезан и сл. Ова е Си ги забележала на пазар или поголеми маркети Досега пилето можеби е испечено али сепак ќе ти пишам - 200-220 степени околу 40-50 мин (можеби и еден час), ќе видиш како кожичката ќе се зацрвени
Cамо што го испеков Tоа пишело на паковката да го печам 2 саати на 160 степени,а јас глупава не сум видела Cепак фала
Ми требаат бело и црно чоколадо за готвење но притоа и да се посни.Кои фирми ги произведуваат,како се викаат, каде можам да ги најдам?
Тие во КАМ маркет 90% сум сигурна дека беа посни...мислам дека на нив прочитав, а на која фирма се не ми текнува, бидејќи таму само тие ги има.