Во масло упржувам кромид,мелено месо,ориз,вегета,црн пипер,црвен пипер. Јас обични пошироки зелени пиперки полнам или црвени што се за ајвар,ги затворам со парче компир. Ги редам во тавчето,додавам вода и во релна да се печат. Некогаш ако ми остане вода додавам брашно,масло и црвен пипер и се згуснуваат.
Јас секогаш попрскувам малку со зејтин пред да печам и кога ќе се испече покривам кратко со влажна крпа зашто не го сакаме многу крцкав
Најдов заборавено пакетче неотворени кори за баклава во фрижидер. Не пишува на нив рок, вака супер си изгледаат меки се и немаат мувла. Неколку месеци сигурно седат во фрижидер. Да ги искористам за нешто или да ги фрлам? А баш сакав штрудла со јаболко да направам.
Ако биле во замрзнувач можеш, плус од рокот имаат 6м во замрзнувач. Па ако се уште меки и немаат ништо на нив, онда не ги мисли.
Рецепт за свилени пиперки? Оние ајварските што стојат во оцет, па после една по една во врел зејтин. Не ја знам точната количина на оцет и вода.
Свекрва ги мрзне топли, не да чурат нормално, ама топли и после на собна тт мислиш сега си ги правел.
Каде може да се најде прашак за панакота? Имаше едно време во Кам/Кипер сега ни таму, ниту пак во Веро.
Има у Кам, кај што се бадеми, лешници, семки, зачини за благо, во мали кутии се. Има и во Рамстор во кесички од Долчела. Побарај убаво има.
Женски, дајте некој испробан рецепт за оние кнедли од гриз за супа ? Правев вчера по еден рецепт од youtube, како камчиња ми излегоа.
Да ти кажам јас ги правам наједноставно ,па супер меки ми излегуваат.Матам едно јајце со вилушка ,ставам малку зејтин ,зачини по избор и гриз .Смесата ја оставам малку потечна и да одстои извесно време (може и во фрижидер ) зашто од гризот ќе се згусне и со лажиче ги пуштам во супата .
Благодарам, ќе пробам да ги направам така. Оној јас што го пробав од јутубе беше со путер, па се мати посебно белка, посебно жолчка бла бла ....и на крај камчиња
Пробај ,ќе видиш ,мајка ми од секогаш вака ги правела и нема утка.Само да пазиш да не биде смесата многу густа
Правам колачи со мед и корнфлекс Внатре ќе ставам: Мед Корнфлекс Маргарин Шеќер Прво маргаринот и шеќерот да ги стопам па после да додадам се или како? Хелп
Извади им ги дршките, наполни ги со кашкавал, сирење, што и да ти се наоѓа по дома, стави зачини по избор (јас им ставам бибер и оригано), стави ги кратко во рерна колку да се потпечат и тоа е тоа.