Не сфаќам шо е shortening? Маст? Така ми личи на сликите шо ги гледам и се става за плус маст најчето во теста за пити. Сега ќе ставам кокосово масло пошто видов дека то е замената пошто маст дома како шо има баба ми, јас немам. Ама не сум баш сигурна дека е тоа. Следно, вика дека постои vegetable shortening, каква е та зеленчукова маст? Засега се снајдов за денешната пита, ама да си знам за друг пат. :')
Некаква смеса е тоа, од масти, не е баш чиста маст како кај нас што правиме. Маргаринот ти е убава замена за тоа, ако немаш свинска маст. Сигурна сум дека прочита зошто баш shortening се користи за одредени теста (бисквитни).
Да да, јас прам пита и веќе има путер, пишеше можи маргарин, или стврднато кокосово масло и пошто поблаго и демек блага основа прам овој пат ставив кокосово масло. Дефинитивно убо мириса ама да се испечи ќе видам дали ќе е океј на вкус. Еднаш праев со маргарин пита, и само заменав shortening со поќе маргарин и беше океј.
Убаво ќе биде, ама кршливо и ровко, не еластично, всушност затоа и е битно кога да се користи путер/маргарин/маст. Штом е со кокосово, ваљда ќе биде ко со маст да си ја правела. Јас имам ставано кокосово во палачинки и пандишпан за колачи.
Рецептов кадар по кадар имам паузирано да го напишам и да го напрам - предобро е! Само никако не можам да го најдам во тетратка да ти сликам да не се мачиш. Пробај, едно од омилените работи за јадење ми е. Не се ни сеќава дека е карфиол, можи да го јади комотно и некој шо не го преферира. Плус здравичко е. 2:30-3:07 ЛИНК
Да ми дадете некои идеи за ручек, студентка сум, па немам многу време за спремање, онака понабрзина да биде и поекономично се разбира.
Ориз со златна мешавина, шпагети со бел сос, палента со сирење/павлака, марула салата со туна, проја(се спрема за 10 минути, а се пече за 30, а и утредента ќе имаш за на факс ).Сите овие јадења се спремаат за отприлика пола саат. Толку не ми текнува ако веќе, се надевам ти помогнав.
Прво покисни го обавезно, бар 1-2 часа а јас дури и преку ноќ го оставам. После варам не 1:3 туку 1:4.
Супер излегоа, само како цепелини големи ми беа иако со мало лажиче ги правев. Следниот пат, помали ќе ги правам. Многу вода ми остана во оризот, а и не го впива. Изгледа треба помалку вода. А тоа што стои покиснат во вода неколку часа го скратува времето на варење. Обично повеќе време го варам, дека е тврдо тоа зрното, како јачмен да вариш.
Tapioca, се наоѓа кај нас? Гледам замени шо можам да ги искористам сега ( едно од замените е брашно), али сепак ако има за следен пат да земам.
Мислам дека би ги имало во оние органски продавници или како Био Космо, Healthy food Zegin, па и во делот за храна во ДМ.
Имате ли рецепт за грчки сладолед торта? Знам имаше внатре наполетанки, слатка павлака ама што како беше не памтам, не можам да си најдам рецептот.
Не ми требаат стапчиња тие фејк што се, или тие готови шо се бело месо со портокалови нијанси, сакам чист жив шримп. Не е вкусот исти на тие од фриком паковани и на такви директ од море и исчистени само и смрзнати. Спојлер: На вакви мислам