Има во фрижидерите по маркетите што се подобро снабдени, пример Веро и Тинекс, заедно се кај тие што ги викаш фејк, ќе ги препознаеш по цената. Овие вистинските се околу 300-400 денари по пакување, додека на фејкот цената е 80-90 ден.
Девојче имам изедено шримпс колку си тешка, точно знам каков е вкусот. Знам што ти зборам, имаш во големите маркети исчистени и смрзнати под полуготови мислам дека на пареа ги проаѓаат бидејќи шримпс ако се смрзне сиров се распаѓа, не е убав. Така ми објаснија во рибара во Албанија.
Дали знајте кај можам да најдам seaweed wrap? Немам сретнато до сега, ама можда само ги немам забележано, кој знај.
Дали некој правел онакви колачиња што се како ги викаме не знам сплескани колачиња што можеш да црташ на нив, ќерка ми многу сака видела со новогодишни шари ама по интернет читам тие состојките за преливот за цртање не се наоѓаат кај нас, дали некоја можеби ги прави да ми каже како?
Во Веро маркетите мислам сум гледала. Имаат еден дел со т.н странска кујна, таму ко да видов. На вакви колачи мислиш? Обични суви кекси се, а тоа одозгора е royal icing се прави од белка и шеќер во прав и малку сок од лимон. Не е комплицирано ич.
Сакаш рецепт за Royal icing? Сигурно си читала meringue powder се заменува со белка од јајце. Рецептот од прилика е 1 белка на 150 гр шеќер во прав и помалку од пола лажиче лимонов сок. Се миксира добро, прво белката па постепено се додава шеќерот. Оделуваш во неколку чиничиња и додаваш прехрамбена боја.
Јас правам ројал ајсинг само од млеко, шеќер во прав и боја, некако шубе ми е со живо јајце. Многу убави излегуваат.
Феминки сакам да го изненадам дечко ми со ручек, имате ли некои проверени рецепти со пилешко што се спремаат за 1-2 саати? Да не е рижото само хаха, може шпагети со некој сос или нешто.. Некоја салата со зеленчуциве што ги има сега и благо.. Фала Ви
Сакам да правам сарма за прв пат ама незнам што треба да и направам на зелката,дали да се вари и колку време. Инаку имам ставено кисела зелка за некој ден треба да стаса па планирам со таква да правам
Јас ги спремам така што ги одмрзнувам прво, ги ставам да се запржат малку со зачини, и им ставам бело вино да се издинстаат малку, и да карамелизира се заедно. Така ми се највкусни.