Како го правите пилешкото да биде меко и сочно? Кога и да печам ептен суво ми излегува никако да го погодам. Рецепт некој за маринада, начин на печење?
За нив тешко печени да се сочни. Ние ги пржиме со кромид и при крај се става павлака и сенф. За печење единствено да се истолчат, да се премачкаат со зејтин и да се печат под компир или некој друг прилог. Може да се печат и под кисела зелка. Работата е што треба да се покриени со дебел слој на нешто што ќе ги штити од дополнително исушување.
Пробај претходно да ги маринираш, да отстојат неколку часа или преку ноќ во фрижидер и после да се печат во рерна. https://sezahrana.mk/едноставна-маринада-за-пилешко-месо-д/ Или да ги печеш во сад на почеток покриен со алуминиумска фолија,а потоа пред крај да го откриеш да зарумени
Една полна лажица мелени ореви е 20гр, на линкот има и други кои може да ни се од корист... https://www.oklagija.rs/saveti/item/70-merenje-bez-vage Од повеќе оревчиња нема гајле
Здраво, сакам да правам колачиња слични на божиќните, ама сега да ги украсам сакам поинаку. Не сум правела royal icing до сега, па ако може да ми кажете совет, рецепт и некои финти за полесно да оди украсувањето, на некоја страница читав дека треба при украсувањето да се внимава да не ми се стврдне многу брзо и такви некои финти, ама сакам некој испробан начин и совет за да успеам да ги украсам убаво. Не сакам да ги уништам. Исто ме интересира дали шприцов е за таа работа или да одам друг да барам. Некоја членка беше кажала дека таков шприц има во Џамбо. Овој ми е земен од Џамбо Грција за 1€, другите беа пластични за шлаг. Овој е како гумен, не знам дали е соодветен.
Јас вака правам ројал ајсинг : ставам околу 100мл млеко, некоја капка сок од лимон и после си додаваш шекер во прав за да се добие потребната густина ( да не биде ни претечно, ни многу густо ). Боја ставам 1-2 капки. Шприцов убав ми изгледа. Јас за цртање користам зиплок кесичка. Овие лани ги правев
Леле преубави !! Каква е таа зиплок кесичка?? И кажи ми на која температура го држиш додека украсуваш бидејќи велат брзо се стврднувало.
На овие мислев Спојлер Ја полнам со ајсинго, ја засецнувам скроз малце на ќош и цртам. Немам пробано со шприц, може е поубаво. Ајсинго на собна температура само ке го промешуваш одвреме навреме дури црташ да не фати коричка одозгора.
Пробај од вечерта стави го во јогурт да стои или кисело млеко/ павлака до вода разредено. Да дојде течно како јогурт.
@SofiMar_ Морам да ти кажам правев ајсинг по твојов рецепт. Прво мислев со белка, ама брзо се расипувал тој ајсинг. Твојов супер излезе, и вкусен беше бидејќи додадов рум шеќер и екстракт од ванила. Единствено не ми се допадна е тоа што многу тешко се црта со овој ајсинг
Да ве замолам за постапка како го приготвувате оризот како рижото? Го купувам оној во црвена кутија од Кам, ама никако да ми излезе убаво и барем приближно како од ресторан. Или ќе ми се слепи или ми е како сутлијаш, или преварен или ропка од внатре За ручек планирам да спремам, па ако може некој да ми објасни во следниве неколку часа
Ги ставаш оризот и водата ( на 1 филџан ориз, ставам 2 филџани вода ), оставаш да се вари дури да почне да врие. Кога ке зоврие покриј го и намали ја температурата и остави да се вари околу 15 мин. Не го отварај да го провериш и не мешај, тоа е најбитно за да не биде кашест.
Исто како Софи го правам и јас. Никако не мешај, тоа е клучно. Нека зоврие, остави да врие околу 10 мин, па исклучи го и покриј со капак да не дише. Треба да стои 20-30 мин најмалку така покриен, ќе си ја упие водата. Ќе зачиниш и додадеш друго што сакаш додека врие, не отпосле.
Фала ви многу До мешањето било значи. На сличен начин го правев, ама водата со мешање постепено ја ставав.