Еднаш правев по овој ама не сум љубител на тонусот..мене ми беше онака ок само на вкус https://moirecepti.mk/post/тонус-леб-без-брашно
Дали на гравот му ја менувате првата вода? Прв пат ке варам грав па не сум сигурна дали треба да ја сменам
нека изврие со првата вода, истури ја и додади нова топла вода, ако ставиш ладна ќе ти се оддели лушпата од зрното.
Може. Јас стално така користам, ги смрзнувам штом купам поголема количина, сум немала утка. Рокот е за свеж до кога треба да се искористи. Е сега ако е замрзнат подолго од шест месеци, не би го користела.
Претпоставувам дека можи, јас лично немам правено така, само имај на ум дека кога користиш сода бикарбона, треба да ставиш и некоја кисела состојка, како сок од лимон или оцет, за да се избалансира алкалноста на содата, инаку ќе биди горчливо пецивото.
Напротив беше многу тврдо не нарасна и се распадна кога пробав да го извадам од калапот. Вкусот горчлив. Го најдов оригиналниот рецепт од кој е преведен. Таму има лажица јаболков оцет и наместо шолја сварено кафе има лажичка кафе. Ама се чудам како може без пециво затоа излезе како изгорена плескавица. Ох сега видов тука на форумот дека кога се става сода се става оцет за да нема кисел вкус. Абе преведуваат ама не до крај
Можам ли во изладен фил за торта да ставам шеќер во прав? По рецепт имаше 15 лажици шеќер ама не ми е благ некако, плус и овошје ке ставам во него.
На течно, мислев пред печење. Затоа што многу течност ми се виде за толку малку брашно. Јас обично ставам и пециво, а и посните колачи си бараат зејтинче доста. Подобро друг пат побарај некој испробан рецепт од форумов (пример од темата Фемина готвач) или од Dave’s kitchen (на инстаграм), секогаш без утка му се рецептите.
Koja големина за печење да користам за следниов рецепт... 20х34 или 24х40 цм.. Треба дс биде подлога за "монте " да не е претанко или предебело тестото.. Над него има два фила. Многу се нервирам кога не пишуваат во рецептите димензии.. А менува многу....
Да прашам јас нешто. Дали користите интегрално брашно и какво користите?Кое е најздраво брашно и дали мислите дека интегралното е бело и нездраво?