Оддамна го немам правено овој фил, и заборавив како одеше.. а планирам да правам еклери т.е. готови и да ги наполнам само со фил. Единствено што се сеќавам е дека во составот имаше 2 пундга од ванила 5-6 лажици шеќер, околу 600-700мл млеко и маргарин се додаваше мислам. Дали ви е познат некој ваков крем ми треба точниот сооднос на состојките, да не го утнам. Инаку немам миксер во моментот и неможам да експериментирам со други филови
500 мл млеко 5 лаж шеќер 2 јајца 2 ванилин шеќер 2 полни лажици брашно 125 гр путер 3 лажици шеќер во прав Млекото и пет лажици шеќер се оставаат да зовријат, па му се додава со жица измешаната смеса од брашно јајца, ванилата и останатите три лажици шеќер. Се вари крем и се остава да излади.Откако ќе ни се излади се соединува со путерот. Еклерите ги засекуваме полниме со филот и поливаме со течна чоколада
За макаронс какви бадеми за бадемово брашно требаат печени несолени ли , не знам каде правам утки со нив
https://www.sensa.hr/clanci/zdravi-odabir/napravite-sami-bademovo-brasno Сушењето на бадемите е околу 1 недела на собна температура, а ако ти е за брзање тогаш во рерна или во микробранова, ама внимавај да не ти загорчат, постојано мешај. Ако ти се гледа сложено, најдобро е да си купиш готово бадемово брашно.
Несолени непечени бадеми, да си направиш сама брашно, ама ептен ситно мелено. Мора ептен точни мерки за макаронс, и точно да ја следиш постапката.
Феминки што сте во странство, дали приготвувате македонски јадења и дали ви излегуваат убаво? Јас не обожавам да готвам, ама во последно време ми фали готвењето на мајка ми и на баба ми и сакав да зготвам нешто македонско. Следам рецепт, мајка ми ми давше инструкции преку вибер ама ништо не ми излегува и ми нема вкус како дома Посебно месени работи, мекици, кифлички, дали е до брашното, некако чудно е ептен, се тегне и такво црно е. Ајде јас не сум некој искусен готвач, ама мајка ми кога беше тука пробуваше и ништо не испадна убаво. Дали имате некоја идеја што, како да експериментирам за месено, и некој предлог за некои наши јадења со основни продукти што се наоѓаат секаде. До сега скоро се што пробав утнав, грав (зрната беа огромни), пржени кришки обожавам ама од купечки леб некако не е тоа тоа, пржено обожавам секакво, особено патлиџан со луто пиперче и сиренце, ни тоа не ми испадна. Како доматен сос некако, патлиџанот ми нема вкус, ќе го заборавам во фриждер со недели, тој си е пак ист, твр, пластика, без вкус И урда сакам ама ништо слично на тоа не видов тука. Исто ориз сакам многу, и тој го утнав, друг некој тип на ориз беше. Само јајца со пиперки (од тие зелените, долги што едвај ги најдов во една турска продавница) и мусака, друго ништо не ми излезе.
Здраво, доколку некој сака да готви роловани мини пици, лесни и вкусни нека го погледнете видеото, загарантирано задоволство П.С рецептот е на македонски јазик
Луѓе имам една пријателка. Абе очите и светат кога ќе види домашна убаво направена баница. Пред некој ден таа проба да направи ама повеќе излезе како проја со сирење иако убаво беше. Сакам јас да направам и да ја изненадам а не знам како се прави. Сакам да биде со многу тенки кори а ако може да биде тегнена уште подобро Ако може некој рецепт и како да направам
Девојки може fish fingers во микробранова? Ако да, на колку време и на колку јачина? И дали пред тоа ги натопувате во масло или? Јас ги имам пржено во тава на оган. Сега зедов едни други ама не пишува за во микро. На претходните имаше, ама никаде не може да ги најдам и не може да ми текне за микро како беше.
Зависи во која држава си, барај да купуваш од турски, бугарски, романски продавници, тие најчесто ги има во странство. Сум приметила за овошје и зеленчук само Био ми има најблизок вкус до нашите македонски производи. Сирење никакво неможам да најдам убаво, па си купувам фета иако не ми е баш по ќеиф. Урда па во никој случај, толку многу ми се јаде, ги купив сите од најевтината до најскапата и џабе. Грав, ориз, леќа цело време си носам од Македонија оти сум пробала и не ми излегува баш вкусно, зрнцата се огромни, се распаѓаат, оризот се лепи и слично.. За баници, леб и се што е од брашно до сега немам утка направено, пробувај со повеќе врсти брашно, веројатно не можеш да го погодиш правото мада јас не сум имала ств.проблем, а ги менувам често. Готви почесто, пробувај разни начини и ќе ти успее некогаш е и до праксата. Никогаш нема да го добиеш тој вкус како дома од мама, ама ќе се навикнеш. Со оваа најубаво испаѓа. И едно прашање, сте замрзнувале ли досега трилече и ќе испадне ли убаво одкога ќе го извадам од замрзнувач? Немам претстава ич.
Фала. Веќе изедени се (за плескавици од туна ми требаше) и баш тоа ставив, палента и пченкарно брашно. Супер испадна
Незнам каде живееш, ама во Германија јас од турците купувам грав, ориз, компири, млад и стар лук, магданос. Имаат се исто како во Мк. Аргета паштета, струја, стоби флипс, ишлери наша вагета, црвен пипер.. Месо зимам од лидл или било кој друг маркет, спањак зимам заледен.