Девојки дали некоја знае како да направам ориз и компири на тавче? И дали може некоја идеја за веганска храна, фала однапред
Компирот исечи го на коцки. Во тава за печење стави зејтин и запржи кромид ако сакаш, стави го оризот и компирот да се пропржат, стави сол, бибер, вегета. Налеј вода, нароси сусам и оригано, покриј со алуминиумска фолија и стави да се пече 30-45 мин, потоа извади ја фолијата и допечи уште 5-10 мин. Ако сакаш можеш да ставиш и морков и тиквица
Оризот и компирот заедно да ги ставам да се пропржат и дали во истата тава каде и кромидот? Само да ги додадам?
Да. Да не ти биде преварен оризот, можеш компирот да го свариш 10-15 мин, бидејќи му треба повеќе време за разлика од оризот, па стави го во тавчето запржи и печи
Може помош? Во продавница видов испечени готови принцес крофни, ќе може рецепт за некој вкусен фил, да ги наполнам?
Најобичен слаткарски ванила крем. Овде има лесен рецепт, скролај надолу на страната. https://www.theflavorbender.com/creme-patissiere-vanilla-pastry-cream/
Феминки ми треба брз одговор, направив prhko тесто односно тесто засза тарт да правам пита со вишни, ама испадна да одиме на викенд а ставив и мелени лешници, дали може да го замрзнам стои во фрижидер веќе 2 часа,
Феминки пак јас, ми треба пудинг од банана или со вкус на слатка павлака, каде можам да најдам било од Оеткер било од С
Дали можи испробан рецепт за еклери? Најдов на нет неколку и пробав, сите обиди трагично завршија в канта. Дали има некој кулинарски штос или што е работата?
Вчера правев сос или намаз за тофу да го полеам одозгора. Мало филџанче вода Малку кечап Пола лажичка сенф Зачини по избор Заедно се промешува во мал сад и после се полева врз тофуто и се пржи во врел зејтин. Како чипс испаднаа и дм ми ги бендиса. Од истиот сос ми остана па го полеав врз шпагетите.
Денес правев манџа и кога да ја сипам запршката манџата целата запршка ми стана грутки. Ова вторпат ми се случува. Знае ли некој зошто се случува ова и шо да им правам на грутките (поголемите успеав да ги извадам ама има и ситни)?
Од кувар имам совет кога се става запршка не се меша кружно туку напред-назад со лажицата и се додава постепено. Мислам дека ќе ме разбереш како
Модар патлиџан (мал) на коцкички, внатрешноста од тиквичките на коцкички, домат или доматно пире, пиперка, кромид, можеш и печурки... Што имаш тоа. Пропржуваш се' (прво модриот патлиџан зашто му треба подолго време да се зготви). Додаваш на крај ориз и сецкани маслинки. И малку вода, зачини по желба. Полниш тиквичките, полеваш со малку вода. Покриваш со фолија или капак и печеш. На крај моцарела или кашкавал, па допекуваш. Ова го правам обично ко полнет модар патлиџан, а тиквичката ја ставам во полнењето. И не ставам ориз, и само со зеленчуци е убаво. Ама можеш безброј варијации. Ми даде идеја за утре.