Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 16 март 2011.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Морам малку да се надополнам.

    Чоколадата од Кам маркет, Леона, ги има два вида. На едните на составот им пишува дека имаат сурутка во прав, а на другите не (посните). Ова го кажувам од искуство, зашто се лизнав еднаш, мислејќи дека сите се посни.
    Разгледај и прочитај убаво. Разликата им е и во пакувањето, поточно во бојата. Ќе забележиш и сама :) .
    А за бело чоколадо, мислам дека нема посно.
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Aj да прашам кој знае.Освен во Веро,каде на друго место можам да купам замрзнат багет?
    Ќе имам гости на вечера,па сакам лепчето да ми биде топло,тогаш да го испечам.
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    луѓе имам многу праз. Hели се пржеа јајца со праз и сиренце? :?: Aко знаете кажете рецепт :)
     
  4. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833

    Состојки:
    6 поголеми парчиња праз
    100 грама сирење
    4 јајца

    Подготовка:
    Празот се сецка на ситни парчиња и се пржи во загреана тава со зејтин. Откога ке се испржи убаво празот, на крај се додава издробеното сирење и јајцата. Се посолува со сол и црн бибер.

    (Немора точни количини ако си правиш само за тебе )
    Пријатен ручек :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.188
    Допаѓања:
    124.689
    Moжеш и само праз и ако имаш свинско да испржиш :mm:
    Баш вчера правев со јајца и сирење и така е убав,ама никогаш не мерам отприлика си ставам и јајца и праз и сирење :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Издроби ситно и со маслинки измешај. Додади му сол, масло, лимон или оцет ако сакаш и кркај ... здраво е. ;)

    А со јајца ... ќе запржиш прво празот ситно сецкан, ќе изматиш јајце, две ... ќе ги додадеш и зачиниш по желба. И со сиренце оди таман.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Луѓе овој сос веќе не се продава или јас не можам да го најдам нигде?

    [​IMG]
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    побарај во тинекс јас пред месец дена го земав
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Дали некој знае, или пак има идеја за тоа како се прави мајонезот од 7мица?Мислам дека најмногу одам да јадам таму се поради тој мајонез :D
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    Не јадам на такви места, па незнам каков им е мајонезот но еве интересен совет: земи голем лажица Thommy мајонез и голема лажица кечап, по можност Heinz, но и пикантниот на Витаминка ќе заврши работа, измешај ги убаво и ќе добиеш вкусен (и калоричен :lol: ) розов сос.
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    луѓе, кога се полнат тиквичките, се варат ли прво да омекнат, или свежи како и пиперките се ставаат, па после тепсијата си се полни со вода?? :^)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.163
    Пол:
    Женски
    Не се варат, свежи се полнат ;) нема да можеш да ги полниш ако ги свариш прво. Исто како пиперките се прават :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Кога Annath спона полнети пиперки. Колку точно се става доматис знае ли некој. Јас секогаш ставам колку што мислам и ми е секогаш многу :?:
     
  14. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81

    Проверено!
    Се додава лажичка сенф и лажичка кари на 7 лажици мајонез. Ако ти е прејако додади повеќе мајонез.
     
    На ttrpovska, Serafima и teddygirl им се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ja сам се заљубила! :wasntme:
    Дали некој знае вака од лик каква е смесава?
    [​IMG]
    Ќе го частам тој што ќе ми најде рецепт.
    Го мислам колачов откако го видов, синојка со оваа слика заспав, со оваа се разбудив :tmi:
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Јас би играла вака :)
    Направиш прво тенок обичен пантишпањ колку за проба со 3 јајца, 3 лаж шеќер, малку пециво и 1-2 лаж брашно. Печеш на хартија и откако ќе го испечеш и изладиш би го пропрскала со проварено млеко околу 100гр со 2-3 лаж шеќер, за да не биде сува кората и се изедначи со мекоста на филот.
    Фил- би изматила хопла онаа најмала од 250мл или 500мл иако не сум обожавател на хопла може да пројдат и 3 матени шлага. Би додала 2 топени бели чоколади по можност Нестле :) и би ставила 100-150гр ситно сецкани ф`стаци (одозгора гледам дека јаготките се посолени со сецкани ф`стаци). Ако видам дека не се стега филот би ставила и 1 желатин.
    Немам и не сум видела шестоаголни калапи али може да пројде и правоаголна форма.
    Во тавче, модла или што и да е, ставам кора, ја пропрскувам со млеко благо, го ставам пола филот па јагоди па пак фил. Одозгора декорираш по желба.
    Интересен, овошен и освежувачки колач :)


    За ручек за 2-ца 1/4 или 1/3 е доволно да се стави. Јас за 3-4 души ставам пола пакување Томатело
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Девојки,тато вчера донесе еден куп праски и знам дека ќе се расипат за неколку дена оти само јас ги јадам.
    Ако знаете некој лесен,брз рецепт со праски,напишете го,па да си направам,за да не се фрлат праските :)
     
  18. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Moj брз и најлесен рецепт за пица

    -павлака(пола)
    -сирење (отприлика 2 3 лажици)
    -леб( 5 6 кришки зависи колку ви е големо тавчето)
    -салама
    -кашкавал
    -оригано
    -маргарин

    се мачка тавата со зејтин..потоа лепчињата се мачаат со маргарин и потоа се сечат на коцкички
    потоа коцкичките т.е лебот се става во тавата..Потоа се ренда кашкавал и салама и се става врз лешчињата потоа се става павлаката и сирењето и на крај ориганото
    потоа се става тавата да се пече на 200 околу пола сааат.посируно за да откирете дали е готово е по мирисот така ја дознавам дали е готова :P

    мн брзо и лесно
    пишете во порака :)
     
  19. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Каков е тоа доматен сос? Како се прави,или се купува?
     
  20. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Ќе си купиш Томатело и ете ти доматен сос :)