Ми треба рецепт за поховани тиквички. Ама не во брашно, јајца па презла. Имав видено некаде ама не знам каде за да барам. Поховани во каша. Значи густа смеса и се потопуваат внатре тиквичките и се пржат. Многу беја убави на изглед. Знае ли некоја таков рецепт?
http://gotvi.mk/2018/09/19/tikvicki-pivo/ јас за ваква густа смеса знам и ги имам направено,супер се http://gotvi.mk/2018/09/19/tikvicki-pivo/. Јас во ваква смеса ги имам правено,супер беа ☺
Ми треба идеја за некој интересен сос што оди добро со печено свинско или телешко месо, а да не е многу комплициран за приготвување. Благодарам однапред
Прво ги варам да омекнат, ама не скроз, околу 20 минути. Па ги смачкувам со вилушка и им ставам маслиново и разни зачини. Ги печам прво 10-15 минути на 220, додавам масло на секој компир посебно, па уште десетина минути додека не добие златна кора како на сликата.
Здраво , сакам да направам хумус па ме интересиеа дали наместо таан можам са ставам обичен сусам само да го потпечам малку?
Мислам дека мора таан, за да има текстура како намаз, ама и вкусот мислам дека нема да биде ист, немам пробано така.
Јас ја печам под фолија. Ја полнам со лук,магдонос,морков,од двете страни масло,зачини и цедам лимон.Ставам зеленчук,завиткувам во фолија и така пола саат на тем.250с. После ја вадам фолијата и кратко печам да добие боја.
Ти благодарам, и да прашам какви зачини ставаш? Исто, зеленчукот, конкретно компир, дали пред тоа го вариш/пржиш или суров го ставаш во плех?
Суров зеленчик,компир,морков,карфиол,брокула,тиквичка,се што сакаш.Ставам во сад,зачинувам и додавам околу рибата,А да,заборавив да споменам и малку вода ставам да се прелие садот(обично во огноотпорен готвам).
@Snow-Star јас не ја полнам пастрмката, само ја посолувам. Од страна околу ставам зеленчук по желба, вода пола филџан, под фолија 20/30 минути, а потоа ја вадам ал. фолија и уште 10тина минути убаво боја да фати одозгора.
Јас печам цели компири во алуминиумска фолија. Ќе ги измиеш компирите и ќеги завиткаш секој посебно. Нелупени. На најјака температура, саат време, може и малку појше.
20-30 минути, но не се ослонувај само на време, секоја рерна пече различно. Проверувај го, одоздола треба да биде онака потпечено, а одозгора да има румена боја.
Сакам да спремам пилешко во сос од печурки. Па ве замолувам за идеја за сосот, но да биде без павлака за готвење. Имаше еден рецепт со вино, но не можам да го најдам. Може да е нешто слично на тоа. Благодарам!