На мака сум, сакам да направам само една до две тегли ајвар колку за проба прв пат ке правам, ама немам мелница нити рачна нити електрична, некоја замена, да ги поминам на ренде?
Затоа што ќе правиш мала количина, пробај во сецко или со онаков рачен блендер. Само со пулсирање пушти го, во кратки интервали, за да не се направи ко каша. Иако, најдобра опција ти е да позајмиш мелница од некој.
Здраво девојки , сакам да сварам наут ама да го складирам во тегли видејќи кога ми се јаде некогаш или во салата да го ставам не можам да го чекам да се свари затоа што долго се вари . Е сега сакам да сварам на пр 300 гр. И да си имам готов во секое време . Како да го ставам а да не се расипе ,да ги вријам теглите или како ?
Рафаело бомбици со млеко во прав, густин или пудинг од ванила како се најубави? И каде да најдам млеко во прав? Гледам по маркет на Виталиа само кокосово, соино и бадемово млеко во прав.
Јас ги правам со гриз (120гр), млеко (700мл) и кокосови трошки (200гр). Додаваш едно по едно, мешаш и ќе добиеш густа смеса како фил, пудинг. Ставам и малку бело чоколадо внатре да се растопи додека ги мешам состојките на оган, нема потреба од шеќер. Многу се фини вака Рафаелото, вкусот им е оригиналка.
Пропржуваш кромид. Додаваш сечени пиперки, сечени домати, тиквички, модри патлиџани. Ги пржиш да омекнат. Ја додаваш конзервата. И со неа се вари некое време. Каков сакаш зеленчук можеш да ставиш, повеќе вида поубаво. Тоа ти е како ѓувеч. Кога ќе е готово можеш да го потпечеш во рерна. Така е повкусно. Ако сакаш со месо прво динстај го само месото, па додади го зеленчукот.
Салата со ситни тестенини, туна, грашок, пченка, морков од конзерва (се по желба), ситно сецкани јаболко, лимон и сол.
Можеш да направиш салата со макарони, ситно сецкан кашкавал, сувомесно, маслинки, печурки, кисели краставички, кисела павлака, мајонез,сенф. Можеш да додаваш и одземаш состојки по своја желба. Мене ми е многу убава ваквата салата, како полесна верзија од мајонезна салата ми е и најадува.
Кога се работи со готови кори, освен со кисела вода и масло, со што друго може да се попрскува меѓу кори?
Вода, масло и прашок за пециво. Тоа кога се загрева создава меурчиња. Тоа ми е логично, ама ако не е фино не сум јас крива
Може со обична вода да ги прскаш, не мора да е кисела. Иначе има смеса од прашок за пециво или сув квасец, вода, сол, масло... имав еден рецепт за смеса од јогурт, пециво и масло, ама не ги паметам точните мерки.