Аа јас не разбрав дека е до тоа Не ти е пресудна тогаш газираната вода, стави тогаш само матени јајца со масло и јогурт или кисело млеко. Ќе нарасне и од јајцата. Само може позалепени да се, да не се двојат.
Кога немам минерална вода, заменувам со обична вода и во неа прашок за пециво. Нема да има разлика во крајниот резултат. Проверено повеќе пати
Да, отприлика 250мл вода и едно пакетче прашок за пециво. Пожелно е да е чашата поголема бидејќи пецивото веднаш се крева и пени па може лом да си направиш, ако не го туриш веднаш во смесата за каде што ти треба
Пред некое време купив мали земјени садчиња, како за топено сирење на пример. Прашањето ми е, дали треба некаква посебна припрема пред да ги користам првпат? Пошто некаде имам слушнато дека се премачкуваат со масло и празни се ставаат во загреана рерна... а зошто и како не знам. Или нормално да си ги употребувам како и сите останати керамички садови?
Јас се сеќавам татко ми кога купи такви земјени тави и од тие малечките, им стави вода и во рерна ги стави, ама тоа било за тест, да види дали се дефектни, зошто знам неколку пати му подметнаа такви, напукнати изгледа негде.
Пред некој ден го купив Аir Fryer на Делимано, презадоволна од помфритот и стекот кој го готвев. Во принцип кај нас не се јаде пржена храна, еднаш годишно можеби па поради таа причина го купив иако бев скептик дека ќе си ја врши работата. Син ми е љубител на компири посебно на помфрит и јас му наоѓав замена со печење во фурна со путер и презла без масло. Сакав некако да му удоволам и да го избегнам пржењето кое е и многу штетно и искрено се изненадив како добро ги прави. Првиот пат ги утнав со температурата ама некако им фатив цака. Готвев и стек, јас стек не сакам поради сувоста а сега каков го направи дури и син ми го бендиса што во уста не става стек, многу сочен и вкусен, иако не е баш најздрава варијанта стекот ама некогаш мора и да се смени. Друго сеуште не сум пробала, не се сомневам дека и за други јадења супер готви. Може ли да споделите вие што го имате што се готвите, дали поховано, на кој начин да споделите искуства?
Не се изразив доволно. Никогаш да не се става во загреана рерна туку да загреваат заедно, за да не пукне. И јас го имам и секојдневно готвам во него. Компири, колбаси, тиквички, печурки, секаков вид на месо. Поховани работи ако дома ги припремам или готови купувам специјални за air fryer оти ако се за во фритеза или рерна вкусни се, ама немаат боја. Вчера печев бадеми супер испаднаа. Сакам да испробам од рецептите во книгата што ги има ама не ми дошло на памет.
Сакам да правам плескавици од компир. Рецептот што го најдов е со пржење, дали ако ги печам ќе се многу суви? Прв пат ќе правам така па да не ги утнам
Само прашај хахах. Јас вака ги правам. Варени компири ги гмечам и им ставам едно јајце и месам со раце, зачини и ситно сечкан кромид. Формирам ќофтиња и ги брцкам во брашно јајце па презла, редам на тава со хартија и ставам од горе путер. Многу убава корка имаат така.
Фала женски, веќе се печат, преубаво мириса од путерот, вервам дека ќе се повкусни отколку пржени. Јас ставив и морков, пиперка и брокула да маскирам, синко во последно време не ја сака
Женски лазања да правам треба ли корите да ги варам прво,или неварени да ги редам? Има рецепти и со варени и со неварени,па не знам како би ги правела. Ако се варат,нема ли да омекнат многу,колку време им треба?
Кратко во зовриена солена вода ставај ги, колку да омекнат инаку остануваат потврди и мене лично не ми се допаѓаат такви.