1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 16 март 2011.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.187
    Да ми пишеш рецепт како ги спремаш,ако може.
     
  2. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Мешано мелено месо го пржам со кромид и лук сецкан и зачини додека добие убава боја потоа додавам доматен сос и малку вода. Се пржи додека испари водата. Спремам и бешамел сос. Путер да се растопи па додавам брашно и млеко, се меша додека згусни.
    Лазањите ги потопувам во жешка вода две минути.
    Редам во тава ред лазањи па сосот со мелено месо па бешамел и така додека се потроши се. Покривам со фолија и на печење на пониска температура, ќе проверуваш со вилушка кога се готови треба да се меки. Се трга фолијата па се става рендан кашкавал и се печи уште кратко.

    Е сега за количина јас правам за двајца па ставам месо 300 грама 1 главица кромид 2-3 чешниња лук, 500 гр доматно пире и околу 250 мл вода.
    За бешамел 2 лажици путер, 1 лажица брашно и млеко околу 600 мл.
    А лазањи пола пакетче.
    И околу 200 гр кашкавал од горе.
    Рецептот ми е од тетка ми од Италија.
    Има за два пати јадење од ова. Значи за 4 луѓе.
     
    На mal.ecka и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.802
    Допаѓања:
    202.798
    Пол:
    Женски
    Корите неварени се ставаат со тоа што малку повеќе течност ќе ставиш во тавата пред печење.
    Оригиналниот рецепт за лазањи секогаш оди со запржување на целер, кромид и морков пред месото. После се прави стандардно рагу, а во бешамелот обавезно оди мускатно оревче покрај сол и бибер.
     
    На anggell, hello-kitty.90 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Јас не ги варам претходно.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Не сум многу по благото па прашање до вас поискусните, сакам да украсам колачиња со мрвици, кога и со што да ги премачкам за да се залепат мрвиците и дали после ги враќам да се допечат? Читав со белка дека мачкаат, а се мислам ќе ми се стопат мрвиците ако ги вратам во рерна...
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.802
    Допаѓања:
    202.798
    Пол:
    Женски
    Со топено чоколадо премачкај ги, и посипи ги со трошки, нема потреба од допекување.
     
    На K7M10J и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Една тура намачкав со мед и поросив со мрвици, а другата намачкав со белка па мрвици и се печеа така. Кратко се печеа, не се стопија мрвиците. Нареден пат со чоколадо ;)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    знае ли некој за што се користи брашно тип 400 а за што тип 500? Кое е подобро за меко лепче?
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Сакам да направам ќофтиња во сос од домати.
    Последниот пат направив со сос од конзерва, ама некако многу ми излезе.
    Меленото е пола кг, отприлика колку домати треба, кило, две?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    И мене типовиве на брашна ми се неразјаснета енигма :D
     
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.261
    Јас знам дека тип 500 е за леб а тип 400 за колачи и слични ствари. А зошто и како незнам .
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.802
    Допаѓања:
    202.798
    Пол:
    Женски
    Еве накратко околу брашното
    https://www.podravka.hr/clanak/2001968/ukratko-o-brasnima8230/
     
    На Norah Jones и Thallia им се допаѓа ова.
  13. m.bt23

    m.bt23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Ве молам итно! Рецепт за "топло-ладно" колач, а да можам да ги печам во филџани во рерна. Знаете во тавче со вода ставени филџаните во рерна. Има вакви рецепти во шољи за во микро, ама немам микробранова па сакам во рерна.
     
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Потребни намирници:
    2л какао
    100гр шеќер
    100мл млеко
    100мл масло
    8л брашно
    1 прашок за пециво
    1 ванилин шеќер
    1 јајце
    Чоколадо за готвење

    Подготовка:
    Со миксер се матат јајцето, ванилиниот шеќер и обичниот шеќер. Се додава млекото и маслото. Се продолжува со матење, па се додава брашното и какаото, последно прашокот за пециво.
    Садовите (филџани) се премачкуваат со путер/маргарин и се тура од смесата до пола. Во секој филџан се става коцка чоколадо за готвење.

    Поголемо тенџере се полни 1,5цм со вода. Во него се ставаат филџаните, наполнети со приготвената смеса. Се става крпа врз тенџерето и врз крпата се става капакот.
    Се вари 15 мин.
    На здравје :sun:
     
    На јolene, mal.ecka, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Сакам некој добар и испробан рецепт за потпечен карфиол во рерна. :?:
    Знам отприлика што како, да го обарам па во тавче за печење малку иситнет и некој прелив одозгора јајце, млеко, павлака, зачини :?: вака некако го замислувам:lol: не сум правела до сега, не се смејте ако е глупост(fingers):D
    Сакам навистина да биде вкусен, зошто инаку карфиол не јадам свеж а сакам да каснам малку, ме фана стрв:wasntme::D
     
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    https://sezahrana.mk/запечен-карфиол-со-јајца-павлака-и-каш/
     
    На јolene и tinka-mace им се допаѓа ова.
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Да, ептен блиску си била.
    Јас не јадам карфиол, ама имав една цимерка што си го спремаше рецептов и уживаше да го јади.
    Се надевам дека ќе уживаш и ти.
    На здравје :sun::l:
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Фала ти, се надевам ќе го пробам деновиве, само ми е страв кога ќе го варам да не ми се згади од мирисот? Ти го чувствуваше мирисот?
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Да, ама полош ми е мирисот на брокула мене. Ама сепак си правам зеленчукова чорба со брокула, превкусна ми е, колку и да мириса гадно.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.