Јас секогаш користам тип 400. Пробав еднаш колку да не останам покусо и тип 500 ама не ми се допаѓа.. Која е разликата појма немам..
Женски, дајте рецепт и за благо и за солено тесто за овие модли Едните се како за корнети, едните за грклани, но јас сакам да ги полнам со благ/солен фил по моја желба Но не знам какво тесто. По можност не лиснато само, тоа не го сакам
значи еве дознав. Тип 500 е за палачинки, сунгер торти, колачи и за згаснување на манџи. Тип 400 е за леб.
Не во рерна, туку на шпорет, на тока, плин. Сува крпа под капакот за да ја собира пареата внатре. Нема да испукаат филџаните, вода ќе туриш 1,5цм за да врие.
За корнетите, т.е за солено полнење, може да користиш обично тесто како за кифли, и да ги полниш со крем салати. Не сум правела, оти немам калапи. За каноли - рецептот на Бади https://www.rachaelrayshow.com/food/recipes/20441_buddy_valastro_s_classic_cannoli Мене не ми се свиѓа тоа што се пржат, ама изгледаат вкусно. Lard е маст мислам, ама може маргарин да ставиш. Ме потсети на највкусните грклани на свет ги правеше моја стрина, ама за жал, не ми го даде рецептот, се надевам им го остави на децата... тестото се печеше, и беше ко лиснато, ама сепак не беше лиснато. Филот внатре обичен шам, ама нејзиниот цврст и издржлив, мојот шам се топи. Каде ги купи калапите? Секое брашно е добро за леб, не само тип 400. Јас за се го користам тип 400, најубаво ми е. Другите секако поретко ги наоѓам.
Живо џабе калапите ги земав, од МБ Дисконт на фб Ај ќе ти пуштам линк ќе видиш, а со намена баш-баш да правам благи и солени каноли знам дека не постојат солени каноли, ама нешто такво сакам да смислам, или како што кажа корнет Ќе пробам со кифла тесто, ама да не ми нараснат многу
Потенки ќе ги направиш. Немам правено, ама вака што сум гледала рецепти, сите со такво тесто се прават. А може и тесто за тортиљи или гиро пита, ама тоа подебело да не ти испадне.
Дали некој има лесен, едноставен рецепт за благ француски тост? Отприлика нешто вакво, може и со чоколаден крем. Благодарам однапред
Нема посебен рецепт, правиш смеса од јајца, млеко, шеќер, цимет, ванила, други зачини по желба, може и слатка павлака место млеко и ги пржиш исто како обични пржени лепчиња со јајца. По желба се сервираат, со крем, со мед, со шеќер... Лебот пожелно е да е бриош, ама ќе ти послужи било кој мек леб. Не сум правела никогаш, мислам дека не би ги јаделе, повеќе сме навикнати на нашите стандардни лепчиња со јајца.
И онака на изглед ме потсетуваа на обични пржени лепчиња, ама си реков да не е нешто посебно. Обично многу убаво ги декорираат, па затоа Набавив материјал, и тенок леб бриош на кришки, ќе пробам денеска. Фала ти
Да се надоврзам, пржи ги лепчињата на многу малку масло, нешто слично како за палачинки кога се прават. Во длабок сад со масло ако ги пржиш ќе се нацицаат зејтин и ќе бидат многу тешки за јадење. Јас обичните пржени лепчиња почнав да ги пржам на малку масло и излеваат исто како на сликата, па и подзагорени, леле леле
Многу сакам француски тост. Ние ги правиме со јајца, млеко и ванила, пржени на многу малку масло или путер. Циметот најдобро е да се стави откако лепчето ќе го натопиш во смесата од јајце и млеко, инаку “бега” ако го ставиш во смесата. Е сега, мора да се додаде нешто слатко. Јас ги сакам со мед, многу ми се вкусни. Верувам дека и во смесата да се додаде шеќер би биле исто многу вкусни, поизедначен вкус ќе имаат така.
@Ariel @kanella Ви благодарам. Ги направив веќе и многу брзо ги снема. И мене многу ми се допаднаа, повеќе од обични пржени лепчиња. Ги пржев со путер, додадов и цимет, некако по интуиција ми одеше да ставам
Дали имате некој испробан рецепт за cinnamon rolls? Два пати ги правев, ама не бев задоволна од тестото, некако тврди ми излегуваа...