Земи слатко напрај. Исечкај крушите на кругчиња или било како по желба. Напрај шербет. Стави крушите. Мешај некое време. И тоа е тоа.
Дајте ми рецепт за бело пилешко месо, како да го спремам за ручек (прашува човек што пилешко нема јадено со години) ама да не е суво и никако да не е со кари.
Исечи го на коцки и запржи го. Исечи на коцки тиквица, модар домат(по желба, ако не сакаш, не ставај), компир, морков, брокула и додади ги во месото, запржи ги, зачини со сол, вегета, бибер и префрли ги во тава за печење. Стави вода половина чаша, покриј со фолија и печи 30 мин. Извади ја фолијата, пороси сусам и допечи уште 10 мин. Месото ќе биде сочно и превкусно е.
Има ли некој правено корејски благи палачинки (мислам ги викаат Hotteok), за да сподели рецепт? Многу ми фатија око, се надевам ќе бидат толку вкусни како што изгледаат.
Живо се става, исецкано на коцкички и би било повкусно ако го насолиш и да отстои така барем неколку часа завиткано со проѕирна фолија и во фрижидер, а може и преку ноќ.
Јас. Многу се вкусни, ама бараат време и некои прибори (кои јас ги немав) па малку утнати ми излегоа. Сепак, превкусни ми се. Супер за доручек, потсетуваат на крофнички. Ги правев по овој рецепт:
Рецептот со ролатот на кругови што се сече, со цимет на фемина што го има, наместо цимет што друго би можела да ставам, дома не сме љубители на цимет а немам идеја што би можело да биде како негова замена.
Можеби какао или чоколадо во прав Инаку, и јас им се токмам неколку години ама поради циметот не ги правам, ич нејќам.
На какао ми текна и мене ама нема ли да е горко , а какво е тоа чоколадо во прав , каде го има, тоа би било идеално
Какаото ќе треба да го помешаш со шеќер во прав за да не биде горко, ама со чоколадово во прав е повкусно. Го има мислам во сите маркети, околу 50 денари е. Јас го пијам како топло чоколадо(2-3 лажички од него и 200мл вода и да зоврие сето тоа), а може да се користи и во смеса за палачинки, или одозгора на палачинките да се посипува. Има вкус како несквик само што има далеку повеќе какао во ова.
Каде да најдам свинска шницла општо , штo е толку научна фантaстика у неколку месари барав нема , не ми е јасно
Доколку се решиш да го правиш рецептот да знаеш дека нема да зажалиш . Јас да не останам покусо најдов чоколадо во прав и ги направив. Превкусни се, моите не дозволија ниту прелив да им ставам, многу се меки и вкусни и без прелив . Ама нареден пат и со прелив ќе пробам Благодарам на идејата
Многу убави испаднаа, да се пофалам И за доручек и за десерт се идеални. Следно сакам да ги пробам овие, идеално изгледаат па ќе видиме дали ќе ми успеат.