Жени што да направам со тврдо тесто, што не ми искочи меко? Што може со него да се засука и да искочи убаво?
Да? Што знам, мене воопшто ми нема ист вкус. Маџунот е доста потежок на вкус за разлика од шеќерот. Ама сепак, океј. Секој со свој вкус
Па не се исти на вкус секако, ама може да се користи како засладувач. Исто и јаворов сируп, мед, агаве, стевија... Се користат во рецепти како замена за шеќер.
На google што гледав има royal icing со белка од јајце , ова со шеќер во прав во каков сооднос со течноста се става?
Јас без белка од јајце го правам. Во сад го ставам шеќерот во прав ( околу 2 филџани ), и постепено му додавам млеко за да ја добијам потребната густина. Да не биде многу густо ама ни многу течно. После ставам некоја капка сок од лимон и го делиш ајсинго на колку дела сакаш и се става боја. Јас користам гел боја. Еве какви излегуваат: Спојлер
Нешто до смесата да не е. И мене еднаш вака ми се направија, уште не си ја дознав каде ми беше грешката хаха. Стави масло или стопен путер/маргарин во смесата?
Можно е да е до хартијата ако е неквалитетна. Гледај кога купуваш вакви да пишува дека се нелепливи, или друг пат пробај да ги намрсиш пред да ја ставиш смесата. Друга причина може да е ако си пробала да ги вадиш дури биле уште жешки.
Женски, ми треба предлог за какво овошје да ставам за прелив на панакота? Ставав јагоди, ама сега нема, малини и цреши/вишни не јадам баш а друго стварно не знам што да ставам. Се мислев праска ама не знам дали би дошло убаво.