@Emy867 Знаеш дека немам приметено. Од смрзнати овошја имам видено само малини, цреши, вишни, капини а јагоди не. Ама како и да е сакав некое свежо овошје, поубаво ми е така.
Е за свежо не знам, ама јагоди смрзнати имаш, да. Не знам она е најубава со прелив од црвени плодови. Мене бар ми е најубава. Ако не, со прелив од чоколадо напрај.
@Emy867 пред 2-3 дена видов кутичиња свежи јагоди во Веро Џамбо. За вкусни не знам дали се и колку можат да бидат сепак декември е. Едит-Всушност @blueeparadise барала, не Еми, грешка.
Има смрзнати јагоди. Боровинки исто? Од сезонскиве свежи искрено не знам што би идело... Не е сезона на овошје...
Колеги и колешки мои кулинарски, кажете идеја за јадење со печурки? Само месо да не е, цела недела само тоа јадам.
500 гр. печурки се запржуваат на путер, се ставаат во поголем сад тоест тенџере и се додава 2 литра топла вода и се варат на послаб оган 30 минутки. Потоа се сецка и се додава 2 моркова и 5 компира (по бројка правам бидејќи грамажа заборавив) магдонос и едно лукче. Може и да се пропржи сето ова пред да се додаде во печурките. Се додава и се вари уште 30 минути. Супа за мерак, душа да ти стопли на времево. Се сервира со павлака или мајонез.
Во маркетиве има потпечени кори, за разни намени. Е сеа, бидејќи се подебели тие кори, како ги користите за пита ?
Може ли да ми дадете предлог за едноставен рецепт за пржени печурки? Сум пробала многу пати да направам, но сакам да бидат такви какви што ги служат во кафаните.
Од вчерашниот ручек ми останаа малку свинско и телешко месо, дајте ми идеја што да направам со нив денеска?
Падобранци какви треба да бидат по форма како макаронси ли, јас прв пат ги правев ми излегоа како макаронси или не треба толку сплескани да бидат? И на вкус такви ли, малце лепливи , мене ми се вкусни ама ако не се такви да не се брукам пред моите , да си ги јадам сама
Како ги припремате исчистените замрзнати ракчиња од маркет? Никогаш не сум ги спремала, сакам да ги пржам, колку време треба и што да им додадам да бидат повкусни?
Може ли да ми кажете проверен рецепт за вртена пита со готови кори која нема да биде многу мрсна? Јас нешто не правам како што треба оти секогаш ми е многу мрсна.
Домаќинки, правев ванилици, ама ги препеков (не знам дали температурата или времето не го погодив), суви се ептен. Превкусни се и ич не ми се фрлаат. Дали постои некаков начин да ги омекнам?
Најчесто ја правам со сирење, спанаќ или праз, така што ми одговара. Мене всушност ми треба некој проверен рецепт за смесата за премачкување на корите. Пробав само со масло и кисела вода, ужасна беше. Имав порано еден рецепт со квасец и кисело млеко или обично млеко беше (не се сеќавам) ама ми го нема рецептот.
@An-na мислам дека ќе ти одговара рецептот 500 гр тенки кори прв фил 250 гр млеко 1 квасец 2 лажици брашно втор фил 300 гр сирење 1 јајце Млекото млако се меша со квасец и брашмо. Се чека да стаса. Се додава 70 гр зејтин и 70 гр маргарин и малку сол ( равна лажичка). Се зема кора се прска со смесата. Врз неа се става друга кора и таа се прска со смесата. Се зема трета кора, се става на претходните две. На неа се става од фил 2 по целата кора. Се витка ко ролат у се става во тавата. Би требало да бидат 5 ролати. Доага како кол -пита. Плехот е бр. 30. Ако остане фил се става одозгора врз питата. Се пече на 200 околу 20 мин. Ние ставаме повеќе фил, оти суво ни е. Со овчо сирење е многу подобро, отколку со кравјо. Пред да се пече, да се остави да стои 15 - 20 мин да влезат филовите подобро во корите. Може да се стави и јогурт одозгора пред печењето, ако нема фил останато. Ја печеме на 180 околу 30 мин, ама ние скоро све печеме на 180.