1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 16 март 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.802
    Допаѓања:
    202.798
    Пол:
    Женски
    За 500г кори (едно пакување) правам смеса од 300мл јогурт, 250мл масло и ќесичка прашок за пециво, со тоа ги прскам, небитно дали правам банички, триаголници или вртена пита. Вака ми се меки и сочни.
     
    На Milobebence, mal.ecka и An-na им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Рецепт за бадниково лепче со паричка? Мајка ми ќе ме умре со тие рецепти без мерки, 'од прилика'.
     
    На Hortenzija, pikabu5 и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.154
    Допаѓања:
    27.249
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    500 грама брашно.
    250мл вода
    50мл зејтин
    1 лажице шеќер
    2 лажички сол
    И квасец

    Кога ќе го замесиш ќе видиш ако лепи многу ќе додаваш по малку вода и ќе оставиш да стаса 30мин.

    После 30 мин пак го замесуваш па го ставаш паричето и го ставаш на 200 степени 20мин.
    Ако сакаш да правиш фигури од тесто овде имаш состојки:
    95EBCACC-74D6-480A-9424-9B493E8E2775.png
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.616
    Допаѓања:
    9.491
    За тегнени кори дали ставате квасец?
     
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Јас малку да.
    Знам многу луѓе не ставаат, ама мене ми се поубави со малку квасец. :)
     
  7. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.616
    Допаѓања:
    9.491
    Стасува откако ќе ги направиш се во тавата пред печење или пред да се тегнат?
     
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Го месиш тестото и го делиш на топчиња па ги расукуваш на тркалца како лепчиња. Одозгора ќе ги премачкаш со масло а одоздола или на набрашнета површина или на хартија за печење.
    Така ќе стасаат малку и ќе почнеш да ги тегнеш. Не чекај многу зошто додека да стасаш до последната ќе ти прекисне и ќе ти се кине.
    Кога ќе ги направиш пак пред печење малку да откиснат.
     
    На Kataklinkers му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    5.674
    Пол:
    Женски
    Овоа или на др фирма небитно за стаклена глазура каде може да најдам
    Screenshot_20210111-140753_Samsung Internet.jpg

    Или има др метод за стаклена глазура , постапки нешто ако сте правеле :wasntme:
     
  10. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.414
    Пол:
    Женски
    Варен стек колку време може да стои во фрижидер?
     
  11. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.200
    Пол:
    Женски
    2-3 дена.
     
  12. ema-emicka

    ema-emicka Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Задраво,знае ли некој рецепт за њоки?
     
  13. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Еве еден рецепт за тегнета пита, испробан неколку пати (y)(y)(y)

    ●Потребни состојки:
    600/700 гр. Брашно
    250 мл. Млака вода
    1/2 лажиче сув квасец
    1/2 шеќер
    1 лажиче сол
    2-3 лажици зејтин
    ●Фил: Јас ја правев со овчо сирење и искористив 300 гр. Вие можете да ставите што сакате по желба. Кај мене децата ја сакаат само со сиренце.
    Се раствара квасецот во вода заедно со шеќерот и солта. Се додава полека во веќе ставено брашно во сад7. Се меси и се додава зејтинот и се прави меко тесто. Кај мене бараше повеќе месење за да стане мазно.
    *ДОКОЛКУ ВИ ЛЕПИ ТЕСТОТО МОЖЕ СЛОБОДНО ДА ДОДАДЕТЕ БРАШНО ПО ПОТРЕБА
    Се остава да одмори 10 минути. Во меѓувреме може да го спремите филот. Јас го изгмечив сирењето убаво со вилушка.
    После 10 минути тестото треба да е помеко и полесно за изработка. Се тегне како ролат и се сечат еднакви топчиња. Мене ми испаднаа 9.
    Се сука секое топче колку една чинија од прилика и се мачка со масло на веќе намрсена чинија. Повторувате иста постапка со сите останати топчиња и се редат така сукани намрсени едно врз едно. (Битно е да се мрсни за поубаво да се тегнат).
    Се оставаат да постојат 15 мин.
    Се става чист чаршав на маса. Ги отпревртувате корите ја земате првата што сте ја премачкале и полека ја тегните колку можете ( постапката ја имате во highlight) од сите страни можно е да Ви се скине на краевите ама не е страшно. Така истегнета ја прскате со зејтин малку и ставате од сирењето.
    После го подигнувате чаршавот нагоре и таа самата ќе си се свитка како ролат. Се става во намрсен плех почнувајќи од средина виткате и секоја наредна ја продолжувате. Пред печење се прска убаво со зејтин.
    Се пече на 200° 20/30 минути да порумени.
     
    На hermosa и Kataklinkers им се допаѓа ова.
  14. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Се мешаат урда и брашно во однос на тежина урдата да е дупло потешка од брашното. Мојот рецепт е 200 грама урда, а 100 грама брашно. Тоа се меша со малку сол и се формираат топчиња.
    Настрана, се става вода, да зоврие. Внатре се ставаат њоките. Нека повријат некоја минута.
     
    На ema-emicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Имам тортиљи, свинско месо .. е сега за внатре некој сос , или што би ми предложиле?
     
  16. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Јас тортиљите ги спремам со ова: кромид испржен со мелено месо. Толку. Во последно време почнав да додавам и сецкана пиперка и доматен сос. Мене ми е превкусно.
     
    На pikabu5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.414
    Пол:
    Женски
    Свинското (јас користам бут) исечи го на ситни коцки и вари го 1 час, потоа фрли ја водата, а во месото стави маслиново масло, сол, бибер, вегета, црвен пипер, доколку сакаш може да стаеш други зачини по желба. Запржи го и ќе почне да се двои ќе стане ситно, стави 2 лажици сенф, 1л. мед. Стави го на тортиља, стави помфрит, кечап или bbq сос, свиткај и јади :D
     
    На pikabu5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Дали има некој испробан рецепт за ачми- турски ѓевречиња?

    И треба да испаднат како лиснато тесто или не? :^) Гуглам, некаде се како лиснато, некаде како пинерлија.
     
  19. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    4.095
    Пол:
    Женски
    Рецепт за тарана? Сразмер на вода и тарана колку се става, постапка?