Највеќе време ти одзема печењето пандишпанот, а можеш да купиш и готов пандишпан/кори .Се друго е брзо и едноставно. Можеш да направиш тортичка со праски. На секој ред ставаш праски и хопла, и на крајот целата торта ја мачкаш со хопла. Измисли нешто. Инаку јас ваква торта имам јадено со јаболки, и преубава беше. Само што место хопла имаше пудинг од ванила.
Девојки рецепт да не знае некоја за онакви лижавчиња од прегорен шеќер? нема ја глушец да правам,туку ја ставив за да видите на какви лижавчиња мислам
Еве и јас ќе додадам мислење, можеш и со бисквити. Значи ред бисквити ред хопла ред праски и се така неколку слоја. Остави ја да впие во фрижидер една ноќ и утредента ќе имаш убава сочна торта.
Брзи слатки што лесно се прават Ај дајте предлог за некои слатки или благи работи што брзо и лесно се прават
НЕШТО БРЗО И ВКУСНО НЕСКАФЕ СЛАТКИ Потребни состојки: - 3 чоколади за готвење - 300 грама лупени и измелени кикиритки - 6 лажици масло - 6 лажици шеќер - едно мало нескафе колку за една шоља (едно мало лажиче) Се топат чоколадата за готвење ставајќи се и маслото, па се додава шеќерот и нескафето, па измелените кикиритки. Потоа измешаната смеса се става во калапи, зависно од формата каква сакаш да ја имаат слатките и после чекаш да се стврднат, па се спремни за послужување.
Нема посебен рецепт, само растопи го шеќерот и со него шарај си форми на хартија за печење - кога ќе се стврдне шеќерот имаш лижавче. Ние како мали со брат ми топевме шеќер и на лажиче го собиравме, па кога ќе се стврднеше имавме буквално лижавче Пеперминт, мислиш на млеко во прав? или јас нешто сум помешала?
Не е млеко во прав, течно е, но двојно поконцентрирано од ова кое го користиме за пиење. Индустриски му е одземена пола од водата. Се продава во лименки од околу 500 мл. Одлично е за домашен сладолед. До лани купував во Грција, сега за првпат барам кај нас, но изгледа ништо.
Дали има шанса да се направи ѓомлезе во рерна, или да не си правам бајрам на умот? Веќе 4 години немам каснато , не сум од Струга, нити имам каде да го печам под вршник, па сега кога го прочитав ова http://egotvac.com.mk/index.php/en/peciva/259-2012-02-07-15-06-30пак ме прифати желбата за ѓомлезе. (не дека некогаш ме напуштила, ама упорно ја контролирам ) Е сега ми фали малку да ме охрабрите и веднаш пробувам со пола доза Само ме буни квасецот што е напишан горе во состојките, а долу никаде го нема И не знам на колку степени да печам и дали да направам повеќе да пече горен, долен греач или да направам да биде еднакво? Жениии помагајте, дајте ми одговори на моите прашања плиис , 4ипол е а мене ми се јаде страшно, ако се прави во рерна штом видам сончев зрак се фрлам на работа
Лани зимата, пошто беше ладно и надвор неможе да се прави ѓомлезе ние дома и запнавме на бабами ќе ни правиш и готово и зеде таа ни правеше, ама на оган на дрва, и сега неможе да се зори ни од горе ни од долу корка да се направи, па му дојде како печени палачинки една над друга, вкусно е, ама штом нема корки мене не ми е ѓомлезе, па пробај ти, можда ќе ти се посреќи... А иначе немора да си посебно од некој крај за да направиш, најди само сач за ѓомлезето некаде распрашај се, и тепсија најголема што имаш и оган во двор и ете ти ѓомлезе... Леле јас на диета а за ѓомлезиња се распишав, ми се пријаде
јас појма немам зошто во рецептот имат квасец, мајками цел живот прави ама никогаш квасец не става,а и сите што ги знам никој не става квасец еве ти еден линк, тука има коментари на некои кои правеле во шпорет па види, а имаш и рецепт http://moirecepti.mk/recepti/vasi-recep ... more-10621
Како се прават полнети пиперки? Некој лесен рецепт без многу намирници само со ориз, мелено месо и пиперки ако може. Лани правев ама оти многу често готвам сум заборавила. Мислам дека ги направив вака некако: -Ги отстранив рачките на пиперките и ги тргнав семките. -Во тава на зејтин испржив мелено месо и ориз -Ги наполнив пиперките и ги ставив да се печат Добри излегоа, можеа да се јадат. Е сега неможам да се сетам кое прво требаше да се попржи дали оризот или меленото месо
^ Прво запржуваш кромид (ако не сакаш не мораш да ставиш, ама многу е повкусно со кромид). Откако ќе се запржи кромидот го ставаш месото да се пропжи и тоа, па после оризот (измиен). Можеш и уште еден филџан вода да ставиш, одма ќе ја прими оризот. И зачини секако (сол, вегета, црн бибер, можеш и црвен). Со оваа смеса се полнат пиперките, се редат во тавче и се преливаат со зовриена вода некаде повеќе од половина од пиперките да фати водата и еднаш при печењето се превртуваат. На крај пред да се извадат може да се прелијат со јајце и павлака, ама и не мора.
Некоја Ваш проверен рецепт за топено сирење? Знам дека земјеното тепсиче се мачка со маргарин и знам дека се реди кашкавал, сирење, мешавина од свеж домат и сирење и се финишира со малку кашкавал, ама незнам по кој редослед оди...
Јас најчесто ставам компирче, ги редам исправени, ама се некако успева да ми излезе смеса надвор. Може треба на многу тивко да ги правам. Само се чудам како ги редите легнати (како во погорниот пост), ги вртите и си остануваат цели?