Една чаша тарана на три чаши вода Се вари додека се упие водата, на крај можеш и малку путер да ставиш, повкусна е. Јас ставам и мааалку масло во водата додека се вари.
Може ли испробан рецепт за печена кокошка да не биде сува?Јас секогаш најпрво ја варам, потоа зачинувам и на печење оди ама некако сува ми е
Зошто прво ја вариш, баш со тоа ја исушуваш. Воопшто не ти треба претходно варење. Кокошката намачкај ја со зејтин, па зачини. По тој редослед. Стави ја во тава, покриј со фолија и печи. Можеш да ставиш и малку пиво во тавата. Уште подобро е ако имаш стаклен сад со капак и во него да се пече.
Варење не, за сите видови месо истото важи. Свежата кокошка ја премачкуваш со зачини по желба, може и маринада да направиш, може и со путер да ја измачкаш. Во длабока тава со капак ќе ја ставиш, ќе ставиш масло/маст (ако не ставаш путер), малку вода, може исечен кромид, лук околу, може пиво ако сакаш. Ставаш капакот и да се пече 45-60, може и подолго, зависи од рерната.
Дали некој ја правел реформ торта во округол калап? Ако има слика пресек и да ми каже дали прави со 3 или 4 кори (рецептот ми е со 12 јајца)
Оти го суши месото и не излегува сочно, туку е како гума. И јас порано варев, ама после tips and tricks емисиите на Гордон Ремзи за готвење, не го варам месото пред да го печам. Само го запржувам да фати кора и после во рерна на динстање со капак и малку вода и вино или пиво. Повкусно е, помеко и поровко. Кокошка не запржувам, додуша не ни купувам, оти домашни имам, е нив ги вариме, оти така бујон си правам, а и нема поубаво од домашна пилешка супа. Месото е друга приказна, тешко е за јадење, па ретко го спремаме посебно.
За да фати кора и да не истечат соковите, да биде сочно. А ако го вариш, па динсташ/пржиш ќе биде суво внатре. Бујонот го замрзнувам во садови за лед, го истурам во нив млак, го оставам да се желира (пошто од домашно пиле ми станува ко желе) и после во замрзнувач оди. Па си земам коцки по потреба. Може и во ќеси за лед да се замрзне.
И јас секогаш ја варам и после ја печам, баш сочна ми испаѓа, одозгора ставам само маслиново и вегета, е сеа ставам убаво маслиново да се натопи цела и ја печам 45 мин. Стекот го печам во пекач со капак, со маслиново и вегета, баш е сочен
Стави масло, зачини, додај вода во тавата малку и покриј со фолија. После тоа тргни ја фолијата да се испече добро. Внимавај да не го препечеш, така ќе се исуши.
3 чаши вода Сол и маргарин по потреба Ќе почекаш да зоврие. 1 чаша млеко Повторно ќе почекаш да зоврие. 1 чаша тарана Ја вариш се додека не ја впие целата течност.
Можам од вечерва да спремам смеса за палачинки и да ја ставам во фрижидер, утре сабајле да ги направам?
Ми треба совет, што можам со намазов Филаделфија да комбинирам и да ставам во тортиља? Во него има тревки разни и лук