Сега ќе печам компири, ама прв пат во овој шпорет. Ми кажаа кога го купив само во црни тави да печам ради сензорот. Одделно е рерната од ринглите. Дали можам во стаклен огноотпорен сад? И колку вода се става ? Сакам крцкав компирот да биде. Ако печам во огноотпорен сад со капакот или со фолија да покријам? Знам дека при крајот се трга капакот или фолијата, ама како е подобро?
Може во огненоотпорен со капак. Не е убаво алуминиумска, а и имаш си капак што е плус За крцкави со масло само, без вода со зачини. Многу убави, стави вегета, сол, кари, црн бибер и масло и после некаде 30-45 минути извади еден со чачкалица види дали е испечен. Мислам ме разбра.
Те разбрав супер. Дека за мусака ставаме вода. А и кога баба ми пече гледам ги залива со вода компирите. Јас сакам крцкави, не меки. Значи не ставам масло во тавата, во сад ставам масло и зачини и ги мешам компирите па ги редам во тава да се печат? Едит: да ставам хартија за печење или не? Или ако ги печам во црна обична тепсија, треба фолија/капак?
Јас на хартија за печење ги редам, кога печам само компири без вода ги правам вака и супер излегуваат. И не покриваш ништо. Зачини како сакаш стави, јас ги редам компирите па одозгора зачини и малку масло. 100 пати се едитував, ако сакаш покрцкави исечкај ги потенки
Со вода мене ретко кога крцкави ми излегуваат. Обично вода ставам за да ги омекне, свари малце. А за крцкави на хартија за печење, без вода и со малце масло премачкани.
Зависи до компирот. На младите компири нема потреба од вода воопшто да се става, тие и така се полни со вода бидејќи се млади. Јас кога печам ,,стари,, компири не ставам вода туку само зејтин, сол и сусам и лен, понекогаш и 4 вида семиња и секогаш се крцкави. Печам во тавче кое не лепи
Фала ви многу. Компирите успешни. Крцкави а меки внатре. Иако брзо одговарате, сепак да си прашам по со време. Утре ќе печам ориз со пилешко. Не копани туку парчиња стек сакам да ставам. Претходно треба ли стекот да го варам? И дали на 1 чаша ориз беа 3 чаши вода?
Стекот прво го одвари па после ке го ставеш во оризот да се довари. После од водата што си го варела стекот можеш да ја додадеш истата во оризот.
@Fallen.Angel јас оризот во тава го правам со тоа што прво запржувам малку кромид на рингла. Е само тука ставам малце масло, отприлика мала кафена лажичка, додека се искарамелизира кромидот, па го додавам оризот во истата тава и му ставам вода и зачини. За путер мислам дека иста количина би ставила, колку да се растопи за кромидот да го запржам.
ОК шефе. Благодарам многу и извини што досадувам. Ориз само како студент имам правено на жими мајка колку да се јаде нешто. Сега сопруг треба да јаде мора пазење. Исто ќе го направам како што ми кажа со исклучок на тоа што ќе додадам стек. Ама се премислив, задутре ќе го правам. Утре мусака ќе направам, за тоа не прашувам знам
Ставаш колку да можеш да го запржеш кромидот, околу 30мл, кога ке го запржеш кромидот го додаваш оризот, исто и него го запржуваш околу 4-5 минути и послее ја додавааш водата,ставаш зачини и малку млеко. Јас откако ке му ја ставам водата и млекото го оставам на рингла околу 5 минути и потоа го ставам во загреана рерна на 180-200 степени.