Не знам што е кутијава немам користено ама за да го згусниш филот можеш да му додадеш мелени бисквити, ореви, путер ..
Купив кокосово млеко и воопшто не ми се допаѓа ни за пиење,ни за во кафе, споделете некој рецепт со кокосово млеко, не ми се фрла.
Јас вака ги правам: Го сечам стекот на ленти. Во една чинија ставам брашно, додавам малку црвен пипер, сол, бибер. Во друга чинија матам 2 јајца (или повеќе/помалку, зависи од количината). И во трета чинија ставам лебни трошки. Парчињата прво ги валкаш во брашното, па во јајце, па во лебните трошки. Да се пржат во врел зејтин. Јачината сама ќе си ја одредиш во зависност дали сакаш попржени/крцкави итн. Едноставно е а превкусно. За сос како идеја можеш со сенф и мед (не знам точен сооднос), доколку сакате нешто необично. Или пак, мешаш павлака со сенф, малку мајонез и кари во прав. Јас овој најчесто го правам бидејќи најлесно се спрема, а и секогаш ги имам намирниците дома.
Исто како Luminary само наместо лебни трошки, корнфлекс подиздробен. За сос уште една идеја кисела краставичка рендана, павлака, мајонез, сенф, се по вкус.
Секогаш ги правам вака и превкусни испаѓаат . Значи користам само брашно,масло,газирана вода и сол и шеќер. Сето тоа се става заедно плус масло во смесата го мешам , смесата да не биде многу густа ниту течна туку средно. Навистина вкусни испаѓаат нема утка.
Вечерва ќе имам гости, изразија желба за турлитава па ми требаат идеи што друго би одело со нејзе освен салати?
Со што ја комбинирате аронијата, што приготвувате со неа? За смути немам блендер, а свежа воопшто не ми се допаѓа.
Зеленчукова супа правам од морков, компир и брокула. По желба може да додадете целер, пашканат, кромид, лук. Морковот и компирот на коцкички ги сечам, брокулата ја сецкам од гранчињата. Морковот малку запржен на масло, додавам вода и остатокот од зеленчукот, зачин и ловоров лист. За 20тина минути е готова. Ако не сакате коцки, може рендано. За пилешка плус подварено пилешко мевце иситнето со нож или со рака. Можеш сок или слатко да направиш. И мене свежа не ми е убава, ама ја голтам некако со сладолед и со мусли.
Некој трик за да испечам ослич филети, ама сочно да биде? Зејтин, лимон, зачини знам. Ама дали ставате вино? И дали покривате со фолија? Ги превртувате ли додека се печат?