Зеленчукова со морков, пашканат (сецкани или рендани), тоа го пропржувам некоја минутка, додавам вода, брокула ако имам, зачини сол, бибер, вегета, некогаш и ѓумбир во прав, па потоа резанки и на крај исецкан целер/магдонос. За пилешка истото плус редам стек исецкан и го пропржувам со морковот и пашканатот или сварено/испечено батаче од кое го делам само месото. Ако сакам да се повеќе на манџа стил додавам кромид, лук, компир, грашок и ловоров лист, евентуално исецкана ситно пиперка.
Ставам и малку бело вино и сечкано лукче со магдонос (океј, тоа по вкус е). Ставам фолија колку да изврие 15тина минути, па ја вадам за да си добие рибата коричка. Ја превртувам од двете страни.
Ти благодарам. Јас по совет од татко ми ја ставив во маринада, бело вино и зачини да стои додека да ми одговори некој. Те прочитав, и ставив фолија и вино и ја ставив во рерна, сега за 10 мин ќе одам да ја превртам! Фала ! Инаку свекрва ми имам видено дека става кругови лимон, и јас ставив, не знам зошто.
Женчиња итно! Вечер ќе седиме со либе кај мене на вечера, и одамна сакаме да правиме бурито. Знам дека внатре се става се што сакаш, ама на која фирма да ги купам тортиљите? Кои се најубави? И ако имате некој специјален рецепт, слободно пишете
Ова не е ориз, критераки е, грчко е, во Мк го нема Јас го правам исто како и оризот само што ставам и доматно пире. Кромидче, морков, пиперка ситно сецкани запржувам на малку масло и го додавам критераки да се заоржи 1-2 минутки и додавам вода и диматното пире, покривам и се крчка 15-20 мин и тоа е тоа. Тоа е како макарони ситни, од исто жито е произведено само ситно е како ориз. Вкусно е многу. Јас го правам како додаток со некое јадење.
Да точно го нема во Мк, од Лидл Грција го купив. не можам како ориз тава да го правам? Соодносот на вода ме интересира како колку да ставам?
Сооднос нема, јас тавам отприлика вода и по потреба додавам оти многу бргу ја впива водата. Може и во фурна како тава ориз, да
Аииии, навистина си бремена или се шегуваш ? Ја вака го правам https://www.recepti.hr/recepti/zimnica/domaca-salsa
Во кечапот од томато оригинал смеам ли да јадам зш постам а не знам дали е мрсно ..како што читам од позади нема такво нешто...?
Kakvo brasno koristite za tegneta banica, nekako vo posledno vreme brasnava se katastrofa za tegnenje
Јас користам на Сентела Т400, тазе сум во занаетот на тегнење(со промашени и неуспешни обиди), ама со брашново нѐ ми се кине толку. Макар да, повеќе е до праксата, а нѐ толку до брашното.
Сакам некои cookies да направам бидејќи имам голема тегла еурокрем што сакам да ја потрошам. Некој проверен рецепт имате? И да биде едноставен го најдов овој, но не знам фали е добар.