Да прашам, дали кога правите кифлички со виршли, ги варите прво виршлите, или така ги ставате, па се печат со кифлите? Никогаш не сум правела, па ме интересира. Јас прво би ги сварила, ама може и не мора...
Сум правела ролнички од кори со виршли и сирење.Ни на ум не ми падна дека треба да се сварат првин. Се јадеа Не стоеше во рецептот да се сварат.
А бе што знам, дека не јадам виршли. Ама сум видела дека ги јадат директно од пакувањето, без варење, па се замислив малце, дали да варам или не. Ај да искисне тестото, па ќе видиме што ќе бидне.
Кажете рецепт за колач или торта со јаболка, мед, јајца, брашно, шеќер, прах шеќер оти само тоа имам дома?
https://reporter.mk/hrana/chokoladen-kolach-med-jabolka/ Женски сакам овој колач да го правам ама само гриз немам. Па дали ако се друго ставам освен гриз ќе испадне добро?
Печел некој крофни што вообичаено се прават со пржење по рецептот? Се мислам дали да печам место да пржам, ама како ќе испаднат...
Претпоставував. Од допирот со врелото масло се дуваат и се формира шуплината внатре, тоа не може во рерна да се направи. Значи ич да не експериментирам.