А како ги редиш исправени? Колку ти е длабоко тавчето, жити се ? Не паѓа смесата, а и да падне малку не е нешто трагично па и ти
Јас го правев во земјено тавче подмачкано со путер, прво ставив сирење ама го изгмечив со виљушка (можеш да користиш повеќе сорти на сирење, ама најдобро било фетата, мене со мешаното не ми испадна баш топено). Па после ставив ред кашкавал, па кечап, па сирење, кашкавал, кечап. Нема некоја посебна техника. Стави си што сакаш и колку сакаш
Ма отиди си бре во ,,Буре,, во Битола на топено сирење Финтата е во видовите на сирења и овчи/мешан кашкавал затоа што тој поубаво се растопува затоа што е помрсен
Епа тогаш не знаеш што пропушташ. Не се споредуваат печени во рерна со оние варените. Ние дома некогаш полниме бабури и ги правиме во тенџере и така воопшто не ми се вкусни, ама печените обични пиперки ги обожавам. Задолжително да направиш во тавче, па да споделиш импресии - верувам дека ќе ти се допаднат многу повеќе.
Јас ги полевам со вода нешто повеќе од половина од пиперките, а помалку од врвот. И бабурите исто ги печам, на ист начин како и пиперките, е бабурите ги ставам исправени во тавчето. А се затвараат со домат, компир, тиквичка. За да не се истури смесата од пиперките не ги сечете кај дршката, туку ќе ја прииснете дршката навнатре па ја повлекувате и ќе си излезе со се семки.
Талијатели ти се народски кажани- јуфки само потенко сечени и можеш да ги правиш по ист принцип како што ги спремаш шпагетите, нема тука некоја посебна филозофија.
Да не кажа Сесилија дека се јуфки ќе се чудев што чудо е пак сега тоа Јас имам еден интересен рецепт. Откако ќе се сварат се тргаат на страна. Во едно тавче се става малку путер да се стопи па се додаваат и ситно сечени коцки леб (може замена кубети и тоа од оние обичните без зачини). Се пропржуваат за да бидат крцкави. Врз јуфките се посолува сирење и се попарува со зејтин (кој сака) и одозгора се става крцкавото лебче или се посолуваат со пармезан и одозгора се ставаат крцкавите коцки. Во комбинација со кечап многу ми се допаѓаат
Поховани прстени од кромид -Тесто:Се матат 2 белки и се тргаат на страна. Се мати 200мл пиво со 200мл брашно,се додава масло,и едно јајце. Кога ќе се размати смесата(немора со миксер)се додаваат предходно изматените белки.Се соединува смесата и и се додава сол и бибер. Престените од кромид ги валкаме во брашно,па во тестото па во презла.Се пржат во загреано масло. П.С. Рецептот ми е од Тинкербел и навистина испаѓаат оргинал како по рестораниве
Јас нешто да прашам. Правел ли некој fruit crumble (не знам дали постои македонски израз). Кај нас не е нешто посебно познат, но мене нешто ми влезе во глава и морам да правам (ова 24kitchen ќе ме убие). Се подготвува со било какво овошје (круши, праски, сливи), а јас го планирам со капини и јаболки. Се прави тесто од брашно, путер, овесни снегулки (има уште состојки, но овие се главни). Во огноотпорен сад се реди прво овошјето, а одозгора тестото се дроби како ронки да дојде и се пече. Изгледа отприлика вака Прашањето ми е - Ако правел некој или ако пробал дали горниот дел испаѓа многу тврд заради овесните снегулки (да не кршам заби). Некој совет за подготвување, некоја финта.
Знае ли некој како кифличките да не бидат тврди од горната страна? Нели им се става јајце и сусам и малку маргарин. Да не треба голема количина маргарин или има друг трик некој?
Откако ќе се ги извадиш од рерна премачкај ги со кристал маргарин. Не го штеди само Така ке останат меки!
^ Јас мислам дека е доволно при печењето маргарин, а вака отпосле не знам... да не бидат многу мрсни? Ок е маргарин до умерена доза, но вака многу на маргарин ќе удараат.
За крамбл мислам дека нема потреба од овесни снегулки во тестото, а ако знаеш како се прави бисквитно тесто, нема да погрешиш. Направи го слично како за лења пита, сличен рецепт има, само малку посуво да може да се рони, и мислам дека ќе биде супер. Јас имам таков рецепт за лења пита, при што горниот дел се ренда врз филот. А тестото е такво, бисквитно, за питава треба брашно, масло, маргарин, прашок за пециво, ванилин шеќер и кора од лимон (нема шеќер) - и кога сето ова ќе се замеси е ронливо. После му се додава жолчка со млеко и повеќе личи на тесто. Ако те интересира овој рецепт подетално, кажи, ќе ти пишам ЛП. Ти можеш да пробаш и со тесто за ванилици, само да е малку посуво - путер, јајца, брашно, шеќер, ванилин шеќер, прашок за пециво, лимон... и само ќе го изрониш одозгора. Овесните снегулки може да направат да биде поцврсто, ама се може и без нив. Инаку и јас се заразив со 24kitchen, и само експериментирам по дома, имаат навистина супер рецепти, ем брзи, ем лесни, ем достапни. Па на Храна и Вино не се толку едноставни. Печи ги на пониска температура, максимум на 180 степени, да не поцрвенуваат многу одозгора.