Во тегла е тоа, мешано овошје цитусно и разно друго овошје, во густ сируп. А Бако кај имаат продавница ?
Ве молам за рецепт некој. Има 20тина кујнски чоколади на кои рокот ќе им мине за е месеци па како да ги искористам? Дајте нешто полесно
Побарај рецепт за мерка, инаку најдобро ти е да ги искористиш за да направиш truffles со какао и портокал. Се што ти треба е чоколадо, слатка павлака, кора од портокал или сок, и какао за валкање. Мислам дека се топи чоколадото со слатката павлака во однос 1:1, односно 500г чоколадо со 500 мл слатка павлака, да се загрее павлаката, па се става чоколадото да се стопи. Се додава по желба кора и сок од портокал, или јатки или што и да сакаш по избор. Се остава да се олади, формираш бомбици и ги валкаш во какао, може кокос, мелени јатки, бисквити... Што сакаш. Само провери рецепт за соодносот, не сум сигурна. Знам дека за ганаш е 2 дела павлака, еден дел чоколадо, ама ова треба да е поцврсто, затоа 1:1.
Вчера правев штрудла со готови кори, ама тоа корите многу ми пукаат откако ја испеков, како партали. И мачкана со путер, пак како парчиња корите. Совет за да не бидат такви ?
Спојлер За мене е лесен. Од тука на форумов мислам ми е. Тие бројчињата се по кој редослед да се меша. Сестра ми правеше па си чкртнала што-како. Јас ставам 3 чоколади оти ептен дупки изгледа правам.
Ја сечам пред да ја ставам на печење. Најубаво да си ја направам јас кората, најдов супер рецепт за оригинален Apfelstrudel
Да или исто заборавив,пред да ја печеш можеш да и ставиш две кори цели одозгора можеби така нема да испука..
Предлог за тортиља без месо или нешто полајт? Можам со чикен нагетс? Не јадам ништо други од месо, или стек да испржам со презла па да го тутнам внатре?
M Можеш да испржиш стек со една лажица сенф и да си направиш сос со копар малце мајонез и јогурт,јас правам така вкусно е
Намаз од грчки јогурт, краставица, лукче и сол за тортиљата, испржи стек исечен на парчиња како прсти, зачинет со сол и бибер, закиселен кромид и салата во тортиљата и вуала.
Е аман шо напраи ти. Со ајвар и сирење ако сакаш намачкајте ја исто ти е. Што јадеш тоа стаи. Не е филозофија.
Го правев ама ете сум заборавила кора од портокал. Јас ставив мелени бисквити и превкусно е ама кашесто. Следниот пат ќе ставам 7 чоколади со 500 мл слатка павлака