Можеби прашањево не е за во оваа тема, но не најдов тема кај што можам да го прашам ова. Како можеме да знаеме компирите дали се расипани ?
225 гр. чоколадо 120 мл. хопла Се сечка чоколадото и се полева со хоплата загреана до точка на вриење,се меша да се соедини и се остава у фрижидер да се излади. По желба се додава арома и кога ќе биде убаво стврдната се вадат форми со лажичка за да бидат еднакви. Го имам пробано овој рецепт и не ми испаднал кашест. Се валкаат на крај во какао.
Киселата зелка што ја продаваат во Стокомак, добра ли е ? Лани купив, ама имаше многу чуден вкус и тврда ептен. Или препорака од кај да купам ?
Имам готови кори купени уште од летото, замрзнати ми се. Смеам да ги употребувам или да ги фрлам? 5-6 пакетчиња имам.
Па да провериш до кога е рокот ама може да се користат имам ја користено ништо нема да им биде само убаво да се одмрзнат ако ти требаат за нешто по фино за да не ти испукаат.
Јас сум користела такви кори, освен што се премногу суви и кршливи друго ништо не им беше. Затоа ги искористив за пита со кршени кори
Јас. Во Веро тоа што е во лименка (со темна етикета Noy Noy) во тенџере со вода го ставам и едно 2 саати како ништо на ниска температура го оставам да се вари. Да напоменам, конзервата не отворена ја ставам. После земи лажиче и сркај. Арно ме потсети одамна не ми текнало да направам.
Па, како тие во кантичка што се карамелот за трилече, малку потечно е. Веројатно ако го разматкаш зашто на тој карамелот јас така му правам го маткам со жица и испаѓа потечно, да пробаш и со овој така. И кажи како испаднало и рецепт за колачите сподели