Зависно каква варијанта правам, посна или мрсна, но обично земам од инстант нудлите, иако имам правено и баш од тие тенките, прозирни оризови нудли што ги има во Веро. Инаку можеш да земеш свеж или смрзнат зеленчук (балканска, кинеска мешавина) да го свариш или пропржиш и да додадеш и печурки, сос сум правела импровизација со путер од кикирики, соја сос и лимон, разреден со вода. Можеш да ги комбинираш со пилешко месо или месо што ти останало од ручек, сувемеснато, да им додадеш и кашкавал или пармезан додека се уште жешки, па да се растопи и спои се заедно. Еве и уште некои идеи: https://pinchofyum.com/lo-mein https://www.buzzfeed.com/emmacooke24/how-to-upgrade-your-instant-ramen
Се раствара сув квасец во топла вода со шеќер и брашно или директно се става во брашното за замесување? Секој обид да го растворам ми се прават малу грутчиња и никако не можам да ги разредам. Каде грешам? Пс. Неам свеж квасец дома, а ќе почнувам да го спремам лепчето и немам време да идам да купувам. Хелп!
Јас не ставам брашно кога активирам квасец никогаш. Млака вода и шеќер и го поклопувам со тацна и оставам некое време за да се активира. И убаво си се "дуплира".
Можеш и дирекно во брашното сув да го ставиш, ама ако го разредуваш не ставај брашно, само квасецот, млака вода и шеќер.
@edna_malecka лично мене никогаш ми немаат успеано,стално ми се лепат ама свекрва ми редовно ги прави. Ми кажа дека треба да е на силна температура токата, тавата жешка и нелеплива.Од око става и брашно и вода.
Јас секогаш ги правам со брашно вода и зејтин и сол и шеќер по една лажичка. Смесата е од прилика малце погуста од јогурт. Потоа го мачкам тавчето со зејтин и ги правам така секогаш превкусни ми испаѓаат. Толку вкусни с толку едноставни.
Како правите тесто за пастрмајлии и како го подготвувате месото? @flower30 тебе ќе те тагнам зашто гледам махер си за било какво тесто
Абе да ве прашам, сакам да направам колаче со рендани јаболка, онакво класично воздушесто, со шеќер во прав најгоре што се става најчесто. Прашањето ми е: може ли да вметнам некако пудинг од ванила?
Подобро бомбици со рендани јаболка,ванила или рум ќе ставиш .за пудинг ми се чини дека не е добра варијанта
Како се прават овие слики на торти, (ангелчето на тортата) ? Накратко што погледнав се црта, бои, најверојатно специјална хартија е тоа. Дали има вакви цртежи готови кај нас да се порача?
Во саткарница Романса кога прашав ми кажаа дека ги цртаат рачно. И мислам на торта се црта ама па ова личи како хартија залепена
Искрено и мене ми личи како хартија залепено. Гледам и неколку што прават за пари ми личи права слика залепено, да прашам секако нема да ми кажат, па барав по интернет ама на тоа видео ја цртаа па ја лепеа.
Може ова да е хартија. Тие јас што ги гледав беа цртани на торта, не беа вака испакнати. Се чудев колку совршено се нацртани
Дехидрација се вика тоа. На хартија за печење ќе наредиш тенки исечени парчиња ќе ги наросиш со шекер и ќе печеш на 180,ама еднаш или два пати ќе мораш да ги превртеш.