Дехидрација на овошје и зеленчук се прави на многу ниска температура, некои си 50-60 степени, неколку часа. Долг процес е тоа. А за цртежот, се црта рачно, на хартија што се јаде, со прехранбени бои.
Сечкаш морков, кромид на ситно и компир на малко по крупно ги запржуваш ( доколку ставаш месо и него го ставаш) додаваш вода и на тивко да врие. Ставаш ловоров лист, вагета, сол, и на крај магданос. Кога ќр бифе при крај месото го ставаш грашокот и оставаш да врие. Ќе проверуваш кога ќе омекне грашокот готово е. Е сега пошо јас ставам компир на мене не ми треба многу запршка бидејки компирот вчествува. Ставаш запршка и тоа е тоа.
Јас знам за грашок само. Користам замрзнат, прво го ставам малку во топла вода да се повари и да се одмрзне и омекне. А потоа го премивам со вода малку. Потоа во тенџере ставам кромид, лук, патлиџан (за зимо имам во шише) и ловоров лист и скроз малку маслиново. Ставам да се вари, потоа го додавам грашокот, може да додадеш и еден компир. Додавам и морков. Целиот зеленчук е исецкан. Варам се додека грашокот не е мек. На крај запршка и зачини. Мене ми е убава манџата со исушено нане, чубрика, вегета, сол и црн бибер. Некогаш и малку оригано. Го ставам да се повари малку 5 минути со запршка и зачини на тивок оган и тоа е тоа.
И јас барам за боранија, никој кај мене не ја сака, ама па не пробале другачие освен класично манџа. Еднаш на 24kitchen една мешаше боранија со некое ситно мевце и сос од домати и ја пикна во рерна и ми се виде крајниот резултат многу вкусен. Ама не знам што точно стави и како точно ја направи. Некој ако знае таков некој рецепт, нека пише.
Ситно го сецкаме кромидот и го запржуваме. Додаваме морков и продолжуваме со запржување. На страна во друг сад ја пропржуваме боранијата да омекне, па ја додаваме во садот кај морковите. повторно промешуваме и зачинуваме со вагета, магдонос и црн бибер. Полеваме вода. Така подготвената боранија ја префрламе во земјена тава и ставаме во загреана рерна. Се пече околу 20 минути на 200 степени.
Направи им мусака со боранија. Боранијата обаврена, ред запржено мелено со ориз и зачини па ред боранија. Кога е при крај јајца и јогурт да се запече.
@SunnyGirl2 за боранија веќе те тагна членката погоре , јас бев екстремен мразач на боранија , ама по рецептот погоре многу ја засакав . Пробај , можеби ќе ви се допадне дома . За грашок , освен манџа класично , немам јас друг рецепт .. а можеш да ставиш со ориз ( тавиче , или рижото па златна мешавина во тенџере , јас имам јадено така кај другарка , мајка и прави за слави и родендени , па ми дојде ептен вкусно и така ) .. доколку сакаш рецепт за манџа грашок , feel free to tag me . П . С . Со боранијата може и да си додаваш морков , домати , пиперка .. од зачини , ставам се по малку ( најголема количина ми е половина кафено лажиче ) , од лук во прав , сушен магдонос , вегета , оригано ( помалку ставам поради тоа што има појак вкус ) , црвен пипер , сушен целер , ловоров лист , црн бибер и сол .. експериментирам доста со зачини е сега , количината на зачини зависи од количината на боранијата која ќе ја спремаш , јас максимум по половина кафена лажичка ставам кога правам за повеќе луѓе , а за нас вкупно 4-ца што јадеме дома третина лажиче зачини ставам .. Единствено што немам пробано до сега е да ставам и компир во тавата , онака некои помалечки за да може да се свари полесно и да се потпече .
Не испаѓа месото многу суво? Дека прво варено, па пржено, па печено? Сакам да го пробам рецептов, ама тоа некако скептична ме прави.
Само за грашок имам и јас, ама не се манџи, првиов (линкот) се уштипци ама се вкусни, а втор рецепт ми е кога го правам како гарнир, значи нормално варам грашок и морков (некогаш сецкан го варам, некогаш одпосле го сецкам), па по варењето се цедат некоја минутка, па ги пропржувам со малку путер, некоја минутка, ставм сол, бибер и ѓумбир (во прав), ѓумбирот им дава некој многу поубав вкус. https://moirecepti.mk/post/уштипци-од-морков-и-грашок
Па да , но ние така го јадеме дома , доколку сакате посочно да е месото , мислам дека пропржување на масло и потоа во рерна , би завршило работа .
Женски ми треба мала помош. Дали можам некако да згуснам сос? Сосот е од павлака вода и сенф. Најверојатно повеќе вода му имам шлибнато и не ми се густи. Сосот е за со пилешко.
@shz По овој рецепт ги имам правено супер испагаат и вкусни се многу, но како амерички палачинки се. Класични овес/банана палачинки Состојки 100 гр. (1 cup) брашно од овес* 2 банани 2 јајца 120 мл. (1/2 cup) растително млеко (или кравјо млеко) 2 лажички прашок за пециво 1 лажичка цимет (по желба) * Може да се користи готово купечко овесно брашно или може да си го направите сами. Се додаваат овесни снегулки во блендер и се блендира додека не се создаде текстура на брашно. Начин на подготовка Се пасираат бананите додека не се создаде кремаста текстура и се додаваат во голем длабок сад Се додаваат останатите состојки и користејки мешалка или вилушка се меша смесата се додека не се соедини Се остава смесата да стои 5-10 минути за овесното брашно да упие од течноста и целата смеса не се згусне малку Се загрева нелеплива тава за пржење палачинки на средно-висока температура и се додава малку кокосово масло или масло по желба Се додава околку 2-3 лажици од смесата на загреаното масло и се остава да се пржи околку 3-5 минути од едната страна пред да се преврти односно кога смесата ќе се набабри и ќе се зголеми. Се превртува од другата страна и се пржи уште додатни 3 минути Се повторува постапката со остатокот од смесата Се сервираат топли со топинзи по желба или може да се чуваат во фрижидер до 2-3 дена. Пред сервирање се стоплуваат во рерна или во микро и се подеднакво вкусни како и топли.