Можеби ми бегал одговорот низ страните, ама сподели ако дознаеш. Изгледа не е рецепт што се претрчува. Спојлер Од интернет, healthline.com: 4 литри вода, 30 мл јаболков оцет, 1-2 кг коски, сол и црн пипер. Се ставаат сите состојки во тенџере и крчка 12-24 часа.
Едно глупо прашање. Зедов пастеризирани шампињони, сакам да ги правам со стек е сега дали се мијат па се пропржуваат или директно да ги ставам во стекот и хоплата?
Размрзни ги, исчисти ги доколку не се исчистени, и стави ги во тава на путер или маслинов зејтин(доколку немаш тогаш обичен) околу 3 минути ги оставаш на зејтинот па потоа ги заливаш со бело вино. Доколку имаш ризмарин стави 1 гранче. Ќе почекаш да изврие виното и тоа е тоа. Е сега можеш со рижото да ги спремаш, со тестанини.
Женски, кажете рецептче за нешто како лепиња, или помало лепче со до околу 500гр брашно.За со 1000кг имам рецепт и за лепиња и за леб.Сакав со помалку.Ќе биде ли успешно?
Aко имаш испробан рецепт за со 1кг брашно, направи пола доза со 500гр брашно и другите состојки на пола.
А во колку мл вода се растворува квасецот?Секогаш мајка ми го растварала.Јас мислам претерав До пола ја напунив чашкава со 3/4 од ова
Јас касно гледам. Не отворив форум после откако ти пишав. Секогаш од око ставам Ама оваа ако е за чај би ставила пола или малку помалку од пола. Шо направи испадна добро?
Сакам да си направам палачинки со брашно од хељда но никогаш не ми успеале по рецепти од интернет што ги имам пробано. Место јајца да биде со банани. И прашак за пециво. ?
Кажете некоја финта леќата повкусна да ми биде, само еднаш во живот си ја имам погодено онака ептен по мерак. Ставам кромид, морков, леќа, сол и бибер, малку масло. Што ми фали за да биде поубава?
Пробај и со кечап или доматно пире, нешто такво. Јас ставам домашен кечап, многу е поразличен од купениот.
Лук ти фали Многу кромид,многу лук,морков,во лето рендам и пиперка и домат. Од зачини,сол,вегета и црн бибер. Свеж магдонос
Ние сега пројадовме саглам леќа одкако дознавме како им ја спремаат во градинка кај што одеше дете(таму обавезно по 2 тањири јадел а дома само 2 лажици и толку ) Во блендер :1 кромид,1 морков,1 компир и доматен сос.Се вари заедно со леќата.Кога ќе биде при крај рендаш 1 варено јајце и настрана ситно рендаш лукче и го попаруваш со врел зејтин.Го ставаш во леќата,да повари уште малку и толку. Мене вака ми е превкусна. Дете сега се дави во неа