Интересно. Ставив веќе да се вари ама следен пат ќе пробам. И мојов во градинка јаде дупли порции од се ама дома малку пребира.
Лук ти фали и плус јас на крај на грав и леќа додавам нане. Ако имаш дома можиш сега да пробаш зошто нане можиш да додадеш откако ќе туриш во чинијата.
Ова со јајцево малку ме буни. Ако е за густина јас користам црвена леќа па таа самата си дава густина. Ако е за вкус баш ме интересира каков ќе биде. Варено јајце директно во тенџерето, а на страна пропржуваш лукче ако добро разбрав.
Е да црвената појше дава на густина,јас правам зелена (црвената дете не јаде зашто во градинка им правеле зелена).Јајцето може малку дава на густина(тука компирот во блендер ја дава густината)појше е на вкус.Мене ми е преубаво. А за лукчето не не се пропржува,туку се загрева зејтинче на страна малку и кога ќе биде доволно топло се попарува лукчето кое да речеме во некое тањирче си го исецкала. @Jana06 следен пат обавезно да пробаш
Јас ја правам со морков, мноооооогу лук и доматно пире, киноа и шарена сол. Можеш и сланина да и ставиш.
Мајка ми прво вари компир здробен на ситно. После го пасира. Во меѓувреме ја запржува леќата со кромид, морков (мислам дека и црвен пипер, не сум сигурна дали го става сега или на крај прави запршка само со црвениот пипер). После става сѐ заедно да се вари, додава и доматен сос мислам и зачинува.
Мене ме интересира какви напитоци во стилот на смути можам да направам во блендер? Нешто набрзинка што би можело да замени ужина. Денес ставив млеко, банана, бисквити и какао, супер беше, ама ми требаат повеќе идеи. Можам ли и јатки да ставам?
Јас додавам овесни снегулки,путер од кикиритки ...јатки можеш секако ,семиња како чиа ,ленено,сончоглед лупен
Итноо!!! Дали во рецепт може да заменам свеж квасец со сув и како се користи? Се става директно во брашното или настрана се раствора?
Може да се замени. 2:1. Ако требало 20гр свеж, ставаш 10гр сув квасец. Мислам дека ако е инстант може директно во брашното, а ако е активен подобро е во вода прво.
Можеш авокадо пудинг, состојки за чиа пудинг. Ја чиа правам и оставам у фрижидер за три дена имам ужина. Смутиња имаш тон варијанти , идеи црпам од овде https://snestorovska.com/category/reczepti/smuti-i-pijaloczi/,https://moirecepti.mk/tag/смути Мое омилено е протеин од чоколадо, смрзнати вишни,јагоди( микс смрзнато овошје е у суштина) пола банана, лажица овес и вода, вкусот е феноменален а текстиурата кремаста. Или банана ,( шака спањаќ или блитва) смрзнато овошје и лажица путер од кикирики..
Сум го пробала ова и со компир место модар. Супер испадна. Ако ти се допадне ова со модар уште поубаво е
Немам правено печен компир, похован ко модриов. Тиквички правев, карфиол на кришки.. превкусно ми е се. Ќе пробам некад и компир. Сега сум на диета па компири избегавам а модрите се скапппиии.
Излупени и исецкани компири се ставаат во тенџере со вода на рингла. Околу 15-20 минути треба да вријат и ги тргаш. Ги префрлаш во тава и зачинуваш со сол и црн пипер и додаваш масло и сусам. Сусамот може претходно да го потпечеш за да има поинтензивен вкус. Компирот се пече на 200-220 степени. @zhap4e под кашкавалот стави доматен сос следен пат. Превкусно е.
Исецкани компири на коцки, додади масло, палента, сусам и зачини ( сол, бибер, вегета, што сакаш тоа). Измешај. Стави во сад обложен со хартија да се печат.