Дали кората за павлова торта лесно се погаѓа, не сум ја правела до сега па се мислам дали да ја правам со 3 кори. Немој да ми испука, џабе да не ми биде печењето саат време само за една кора. Вака кога гледам лесно ми се чини ама сепак да си прашам..
Зошто три кори? Павлова не е класична торта со пандишпани, целувка е, со шлаг и овошје. Целувките пукаат кога се сушат/печат, и да распука кората не е страшно, нема да се гледа од шлагот.
Знам дека е целувка, видов на нет со 3 такви па посакав и јас, некако фино изгледаше , ама да не ја утнам дека долго се печат, за 3 кори повеќе од 3 часа печење
Се сушат, на 100тина степени. Кога правам целувки најмалце саат и пол ги сушам. Нема да ја утнеш, ама цел ден во кујна ќе окапеш. Во недела на евтина да ја правиш Со една направи си, таман ќе е.
Кажувајте некој рецепт за смути, сок, било што со киви да е. Правев денеска со киви, банана, круша и јаболко, ама ич не ми се бендиса.
Јас никогаш не мешам повеќе од 2 овошја зошто ми е прегадно. Киви и банана со млеко пробај само. Обично ја во се ставам банана, млеко и уште некое друго било кое овошје и убаво ми е. Без банана ниедно смути не ми е убаво зошто бананата им дава благ вкус.
Леле немав појма дека имало такво правило, скроз има смисла. А по интернет шо читам, банана, па киви, па може и јагода, па може и манго, па може и солза од еднорог, каша попара.
Можеби некој може да поднесе такви мешавини, сум читала рецепти и јас такви ама не фала, не е за мој желудник тоа.
Киви, банана и јагода е топ комбинација, бар лично мене многу ми се свиѓаше. Јас мешам многу овошја и убаво ми е.
@nevermet18 А, мора смути? Ете мене една омилена овошна салата и брза: Киви, портокал, јаболко, лешници, ореви. Можеш и пример да си исецкаш цитрон место портокал или мандарина. Мене ми е топ
Па не мора, ама не го трпам кивито да го јадам, грдо ми е во последно време. А супер ти е идејата, до лани така јадев, фала шо ме потсети.
Со што би можел да комбинирам азиски сос од ананас? битно да се проба, сега се чудам со што би го јадел сосов