Со палачинки можеби, да. Инаку така не може да се пие, барем јас не би, ептен е густо и има парченца во него Фала ви на сите на идеите, и јас мислев нешто слично. Мислам дека би било добро со било кое динстано месо, кокошка, тестенини
Правел некој хелти опција за поховано пилешко во airfryer? Сакам со корнфлекс да пробам. Споделете искуства
Правев чизкејк и хоплата не ми се згусна баш убаво потечна остана, ќе се стврдне ли малку повеќе за да се сече ако ја ставам во фрижидер?
Земав сок ставив во тенка пластична чашка и отиде во замрзнувач, дали за два саати ќе се претвори во сладолед?
Како се приготвува тоа ќесето со сос за гулаш? И дали може да се стави и во друго јадење освен во месо?
Со похованици (кромид, зденка, тиквици, пилешко), што иде за мацкање? Освен тартар, сенф/мед, кајмак. Дајте идеја.