Дали може да ае замрзне торта со фил од хопла и маскарпоне? Ја правев за гости и заборавив да ги послужам, па ми остана цела
Здраво. Сакам да прашам како и со што ги печете оние полуприготвените замрзнати пици од маркетите а да не биде кората тврда?
Пастрмалија замрзната знам дека со зејтин нанесен со четка по нејзе е мека, пробај и со кората на пицата така.
Како да приготвам варен ориз ама како во рестораните да се дели зрното, сабајлево сварив ама како сутлијач ми испадна
Не го мешам јас воопшто оризот, мислам дека до некаде и тоа има влијание. Ако ставаш кромид, пропржи го пред да го ставиш оризот, ако не, не мора. Соодносот ориз-вода секогаш ми е 1:3, тоа си е класика. Си додавам зачини по вкус (или микс зеленчук) и го оставам да се вари точно 12 минути на појако (пример ако ринглата е од 1-9, ја ставам на осмица). Потоа ја исклучувам и покривам со капак, оставам да стои така 20-30 минути. Мислам дека некаде на форумов го прочитав овој трик и навистина многу ми се допаѓа како излегува оризот, превкусен е и се дели секое зрно.
Неколку капки лимонов сок стави додека се вари. Мене така ми остануваат цели зрната,не како каша. И размер 1:2.....
Некој добар овошен колач да ми кажете ми треба за кај син ми во школо. Денес правев пробно еден со боровинки ама здола од нив ми остана како недопечен а скоро 1 час се печеше на 180 степени
Печен е, само е влажен од боровинките, кога се лади се гледа дека е печен. Јас правам еден со вишни, секогаш дното делува како недопечено, ама не е така. Овошјето му дава сочност.
4 јајца се матат (со миксер) со 3 филџани шеќер да се добие густа светложолта смеса. Се додава филџан јогурт, филџан масло, 3 филџани брашно и ќесичка прашок за пециво. Кога се додаваат состојките се меша со шпатула. Се истура смесата во долгнавесто тавче, подмачкано и набрашнето и се запекува 15-20 минути во загреана рерна на 180 степени, па одозгора се ставаат вишни без семка, околу 400-500 г. Се пече додека да потемни одозгора, барем уште 15 минути после додавањето на вишните, ќе видиш самата уште колку треба. Или можеш од старт да ги ставиш вишните, ама ќе пропаднат долу сосема при печењето.
^ tip прочитав некаде или слушнав. Вишните да се извалкаат во брашно пред да се стават во смесата, така не пропаѓале. Не сум пробала, секогаш отпосле ми текнува.
Прво се пече 15 мин,се вади се додаваат вишните па пак на печење убаво разбрав нели?Сличен рецепт беше и тој што го направив со тоа што боровинките беа скрос долу паднати и тука изгледаше непечен.Уште нешто ако го направам од вечер до следниот ден ке се исуши или ке биде добар?
Да, да, така треба. Не се суши ако го покриеш со капак или во ќеса. Ако го оставиш на отворено, ќе се исуши.
Не знаев каде да пишам. Во текот на денот имам 3 оброци, појадок, ручек и вечера и тоа главно јадење ми е вечерата накај 6-7 саат, тоа е она главниот ручек како полнети пиперки, месо и такви ствари. Ми требаат предлози што да јадам за вториот оброк, обично правам некој полесен сендвич со кашкавал, месо и свеж зеленчук ама ми здосади и некако не можам веќе со кашкавали и намази. Значи ако имате идеја за нешто такво полесно ама што држи, pls. Па дури и некоја ужина, јас ќе си ја адаптирам како поголем оброк ако има потреба.
Како да направам мармалад/џем без шеќер (можеби со мед или сируп од урма) во мали количини, една тегла-две?