Значи јас не ставам маргарин при печењето, туку веднаш откако ке ги извадам од рерна. Бидејки се врели со маргаринот ги премачкувам одозгора, веднаш се упива и штом се оладат не се ни познава, а ги чува меки кифлиците. Ама само кристал му е мајката, другите не ми се баш... Кај мене немало утка!
Вчера имав не многу успешен обид да спремам дома лигњи. Јадевме на Пиволенд на скара и беа многу убави па ај викам да пробам. Ги одмрзнав купив презла ги пикнав во неа и ги ставив да се пржат во загреан зејтин ама не презлата почна да ми се одвојува од лигњите. Не дека не беа убави ама не изгледаа баш добро а и дефинитивно нешто не направив како што треба. После прашував ама сите ми даваат паушални одговори од тоа дека треба првин малку да ги обарам до тоа дека треба во брашно, јајце па на крај презла... Ајде ако некоја пржела нека сподели како ги припрема ме фати инает а и вкусни се!
Да, кога се похуваат со презла тогаш се ставаат прво во брашно, јајце па во презла. Најубави и најр`пкави се кога се само во брашно и се пржат на многу врел зејтин. Имам пробувано за да не впијат многу зејтин и со комбинација од пченкарно и бело брашно, и така не се лоши. Е немам пробано со онаа смеса од чаша пиво....за поховање али не ми се комплицира кога цела финта е во пржење т.е врел зејтин и по могуќност во фритеза
Јас лигњите ги похувам само со јајце и брашно и тоа прво во јајцето,па после во брашното.Ги пржам во врел зејтин додека малку да заруменат.
Вчера се обидов да направам пита, но тестото ми искочи многу чудно. Се двоеше некако цело време и не сакаше да се разсука. Некако беше тврдо многу и се ронеше.Едвај го разсукав и му ставив маргарин па го извртев во топче. Го оставив во фрижидер ама мислам дека пита од тоа нема да бидне, не можам доволно големо да го разсукам. Дали имате некоја идеја како може да се искористи или да го фрлам? Користев: брашно, сол, 1 шоља зејтин и 1 шоља вода.
А јајце и квасец? Јас без јајца и квасец нема шанси да замесам пита, било каква... инаку, за обична пита (комат) јас ставам 400г брашно, едно јајце, квасец киснат со топла вода и малку шеќер, филџан масло или помалку, тоа оди по потреба, а ако треба и вода додавам уште, зависи од брашното.
Па јас прв пат ја правам. Пред некој ден ми покажуваше една пријателка (ептен добри пити прави), не става ни квасец ни јајце, само овие 4 работи и супер искочи кај нејзе. Јас ептен ја утнав
Па не знам, ај може ќе пише некоја што има сличен рецепт... мене пити без јајца и квасец не ми се вкусни
Јас тестото за пита во правам од Брашно,КВАСЕЦ,сол,вода,односно истото тесто како за леб. Палчица тестото се рони затоа што нема квасец .
Си ставила многу зејтин и си го утепала тестото. Поубаво е тесто со квасец али ако не сакаш немораш да ставаш, али намали зејтин - доволно е пола филџ. мал од кафе Ова што го пиша ти е рецепт за оние Квики переци
Ме чуди како кај пријателкава искочи ТОП. Баш беше супер тестото а и откако се испече питата беше оригинал како во Златен Клас.. 100% немаше ставено квасец, а за јајце баш уште еднаш ќе ја прашам и ќе ви пишам. Мислам дека не стави, само овие 4 работи. Ааааа се заинатив, има да ја направам па што сака нека биде
Одлично, се мислев за некој рецепт за да не го фрлам тестото - жал ми е. Стои од вчера вечерта во фрижидер, па ќе направам квики! Фала за идејата!
За прв пат во мојава домаќинска кариера сакам да правам компот и сок од праски.Прашањето ми е дали во компотот мора да се стави шеќер? И што се става во сокот,односно како се прави?
Да во компотот се става шеќер по 2 3 лажици зависи колку сакаш да биде благо ?! откога ќе ги насечеш праските теглото се полни со вода ама се остава малку луфта за да може да врие .с е затвара убаво и се става во рерна на 50С еден саат и после додека убаво не се оладат не се вадат од рерна за сок незнам баш..да не згрешам
Јас сите сокови ги правам на сл. начин. Овошјето го цедам во Пауер џусер, додавам шеќер според вкус. Смесата ја собирам во мали флашички и ги вријам во топла вода во шерпа на ќумбет. Природно конзервиран. Исто како компот или кога ставате краставички во тегла. Онаа мачно правење со преса за сок одамна се откажав. Ако немаш Пауер џусер или некој друг сличен соковник тогаш одиш со следен начин - ги сецкаш праските, додадваш шеќер и лимонтус (за да не поцрни овошјето) и отприлика вода да го покрие овошјето. Тоа стои неколку часа и потоа на преса или газа ја поминуваш смесата и цедиш сок. Целиот сок го вриеш едно 20-30мин и потоа го собираш во флаши. Овој втор исто така е убав ама помачен и мислам дека со самото дирекно вриење се уништуваат многу витамини и минерали па затоа овој прв начин ми е ем побрз ем поздрав. Ова за фруктал сок - народски кажано а ако сакаш оние на растварање сокови ставиш повеќе шеќер (некаде односот е 1/1) - јас лично не ги сакам на растварање затоа што ако пијам ќе пијам сок а не вода со пулпа од овошје
Дечки, само да ви кажам дека ми успеа и тоа преубава пита искочи пред некој ден. Првин исто беше лошо тестото, ептен се двоеше и ронеше - ама било малку вода. Доставив вода и ептен добро искочи, се изнајадовме дома П.С. Ја прашав другарка ми, дефинитивно нема јајце и квасец во нејзиниот рецепт. Има само: брашно, сол, зејтин и вода..
Здраво домаќинки незнаев кај да го поставам прашањето па решив тука. Дали знае некој каде можам да купам р`жано или интегрално брашно ама не килско пакување,туку поголемо ол 10,15 кг? Фала однапред
види во рамстор во маркетот ако не порачај си во некоја од пекарите кај шо праат интегрални печива па нека те упатат тие...или па најдобро и најсигурно е да најдеш рж и јачмен и други семиња интегрални во некое село па да ти сомелат..ова лебов што го купуваме од жито лукс е само боја и по некоја семка има само..