Рецепт за комбинација вишни+чоколадо за торта? Немам идеја каков фил да направам и колкава количина. Готов пандишпан би купила (во форма на круг, средна големина) оти на овие горештини рерна не вклучувам, па што сака нека е.
За да не печиш, направи во стил на чизкејк торта. Глазурата направи си ја од мелени бисквити и путер, после измати си хопла со шеќер во прав и маскарпоне и во тоа после можеш и искршено чоколадо да си додадеш и вишни и што ти душа сака На крај, растопи на пареа чоколадо со вкус на вишни или па обично какво сакаш со хопла исто така и прелиј го врз тортата и стави го во фрижидер на минимум 3-4 часа. Ова јас го правам со многу други комбинации и обично во калапче за торта бр. 24, ама можеш и во друго. Се надевам ме сфати и што и да ти треба, слободно пиши ми
Ако некој има правено домашна тарана со помош на сецко,ако може да сподели рецепт. Не ми се ренда никако.
Да провериш во Технополис, Базаро.. Не знам дали има моментално ама сигурно имам видено калапи за печење леб во разни големини
Сакам да го напраам ова: https://www.instagram.com/reel/CfrT6OhM4J6/?igshid=MDJmNzVkMjY= , и се мислам што да ставам како cream cheese? И замена за brown rice sweetener?
Сум ги заборавила црните патлиџани во друг фрижидер, горе кај шишката почнале да фаќа мувла. Како да ги спасам до утре да напрам ручек со нив? Не можам вечерва да ги правам
Тортиља, палачинка, салата со туна/пилешко, мафини.. До утре ништо нема да им биде само ќе ја исчистиш мувлата
https://www.instagram.com/p/B3MGaVznE40/?igshid=YmMyMTA2M2Y= Барем 10 пати ми е правен, секогаш успешен и превкусен.
Добро како печете свинско месо? Кога и да го направам е суво, дали малку вода ставам,дали на јако го печам....а толку многу сакам да се научам и не ми испаѓа па уште кога ќе слушнам некој коментар после ручек ме дотепува
А како го правиш ? Мене тетка ми ме научи. Цело парче ќе земеш, свинско каре земам јас и така долго е а не многу дебело, ќе го зачинеш и сенф ќе ставиш. Да отстои неколку часа или преку ноќ во фрижидер. За печење подлабока тава, не само вода, јас ставам бело вино, свекрвата пиво става. И ќе ја покриеш тавата со алуминиумска фолија. Ќе печеш подолго, саат ипол минимум на 150 степени. Потоа ќе ја тргнеш фолијата ако сакаш однадвор да е крцкаво и ќе печеш уште 15-20 минути без фолија. Кога ќе е готово месото треба да е меко и да се распаѓа, не можеш да исечеш убави парчиња. Ако сакаш да го сервираш и убаво да изгледа ќе чекаш да се олади и кога ќе сечеш парчиња ќе изгледа убаво.
Имам дома неискористени бои за јајца и сакам да му обојам на синко макарони и камчиња за играње, ама секогаш постои веројатност да лапни в уста. Безбедни се или да си земам прехранбени бои?