Жени 1.Кажувајте како да користам кромид а да не ми лути.Значи неможам да поднесам. 2.Од каде можам да купам ефтини а убави правоалголни организери за храна(за на работа)? 3.Секоја идеја за јадење за на работа за организер за храна е добредојдена
Ж Сега гледам поминатите се гостите но ке ти дојдат други. Испечи компир во рерна само со сол и масло. Решен проблем
Купи од грчката во Веро што е.Зелената.Состојки мислам дека мајка ми истите ги стави. Од нејадачка фамилија на леќа јадачи ќе станеме. Следно ми е да правам намаз од леќа,лимон,лук и маслиново. @natasa_emil ми го даде рецептот.
Сум во правела во младоста(36 години имам) пилешко кофте со печени компири и сусам и зачини-сол,вегета и бибер и на печење. Вкусно беше
За сушењето? Ги сечиш овошките на тенки парчиња, ги сушиш убаво со крпа или хартија што не се кине, ги редиш на хартија во плех и ги ставаш во загреана рерна (50тина степени) со уклучен вентилатор. И ги забораваш.... Не знам колку време треба точно, одамна сум правела пред десетина години. Ама неколку часа идат сигурно.
Здраво. Ми треба рецепт за некој сос за со пилешки стек? Може да е и со печурки ама да не е стандардниот со неутрална павлака и кари.
Пропржуваш кромид, лук, по желба додаваш печурки, (ако имаш можеш да додадеш и малку бело вино), потоа додаваш неутрална павлака (или бешамел сос, по избор), неколку зденки (дополнително ако сакаш можеш и пармезан), тоа е тоа.
Како го правите преливот за лазања со млеко? Јас го правам со млеко, путер и брашно. И скоро никогаш не ми се згуснува и од брашното се прави грутки. Кога е готова лазањата воопшто не се приметува, ни на вкус ни на изглед, вкусна е, ама мене ме нервира што неможам никако да го погодам, од што јас си знам . По кој рецепт го правите вие? Не знам каде грешам уствари..
Мислиш на бешамел.... 80 гр путер или маргарин да се стопи, во него додаваш 50 гр брашно,мешаш 1 минута, па додаваш постепено,постојано мешајќи со жица, 500 мл топло млеко. Ќе мешаш до саканата густина. Јас и го зачинувам малку.
Додека го додаваш млекото, садот си стои на шпорет. Се додека ја добиеш густината,не го тргаш од оган
Женски ми треба испробан рецепт за ачми. @Emotional123 мислам дека ти имаше постирано слика оддамна, сори ако сум грешка.
Кога го пржиш брашното во путерот ти се прават грутки. Јас ставам 40 г путер на тивко да се стопи, да се направи пена, па 40 г брашно, не се препржува, туку колку да се измеша во путерот, се додава ладно млеко, не цело, малку по малку, прво да се раствори брашното, а после се додава остатокот млеко, вкупно 500мл. Се држи на оган додека да се згусне. Се зачинува по вкус со сол, бибер и мускатно оревче.