Да, ставаш вода да зоврие и додаваш тарана. Може да посолиш малку. Стави пример 100ml (150ml) вода за една (две) лажици тарана. Да не ја цедиш подоцна, туку да си ја впие целосно. Зависи до тараната, пробај и ќе осетиш колку треба.
Купив силиконски калап за мали колачиња, но немам идеја за посен рецепт каде би можела да ги искористам. Гледав ги обложуваат со чиколадо и да бидат како од бомбоњера, но не знам со што би ги полнела. Некое слатко (од продавница) да ми предложите можда?
Можеш со стопено чоколадо, помешно со плазма мелена и ореви. Можеш целосно со чоколадо да полниш со една вишна внатре. Можеш кокос, чоколадо и лешник. Ова се со посни чооколади за готвење оние што се. Има доста идеи за посен фил.
Пошто идат празници, а највештите објавуваат тука, дали може рецепт за медењаци што се печат во силиконски калапи, а потоа им се става глазура.
Како се помеки кифлите, само со белка или цело јајце? Од секогаш ги правам со цело јајце, се мислам да пробам само со белка, или исто е.
Што ставате кога топите чоколадо за готвење? Сум ставала и масло,и путер,никогаш не ми испаѓа убаво,се густо како загорено
Ништо не ставам, на пареа го топам. Прво загревам вода во тенџере на оган, одозгора ставам сад со чоколадо, битно да е сув внатре и да не ја допира водата што врие во тенџерето. Така најубаво се растопува. Ако ти е за глазура, најарно со слатка павлака да го измешаш за да не пука при сечење.
Мене ми загорува ако го топам директно на оган, ако има макар и капка вода/млеко, маслото не прави проблем. Во микро ќе го топиш постепено на пониска температура, во кратки интервали од минута, минута и пол. Многу е важно садот кај што се топи да е сув, најубаво стаклен да биде.
Кој мајонез ви е најубав за во руска? Also, дај кажете кое цвекло у тегла е 100% меко, кое и да го земам, парчињата внатре барем пола тегла се тврди.