Мислам дрка не е добро да се јаде после 2-3дена, ќе потемне од авокадото ќе изгуби на вкус.Јас не би,или искомбинирај го до итре најкасно со нешто
Да во право си, не ми текна дека авокадото ќе потемне и онака ми беше веќе ептен зрело, на некои места со потемни дамки. Ништо, до вечер ако го изедеме добро ќе биде. Следен пат помала количина ќе направам.
Дали од сода бикарбона може да горчи banana bread? Значи го имам правено неколку пати до сега се до денес кога плус му додадов малку сода бикарбона заедно со пецивото и горчи не се става во уста. Додадов и цимет. Едниствени две состојки што се разликуваат до сега што сум ставала. Еве не ми е јасно до што може да е бидејќи одат јајца банана зејтин брашно шеќер .....
Јас правам со години по истиот рецепт, нема пециво, само сода и никогаш не ми горчел лебот...едино ако е од комбинацијата со пециво и/или цимет
Ма од содата е нема од што друго. Памет за следен пат да не експериментирам него да се држам до прашокот за печиво.
Не знам искрено, со години го правам рецептот од Криси Тиеген, таму нема пециво само сода една лажичка, никогаш не ми бил горчлив лебот, а имам досега правено преку 30 пати сигурно
Да пудинг од ванила и кокос...истиот рецепт го правам добри 5 години, само модифицирам додатоци..имам пробано со малини, со јагоди, со лешници, со ореви
Најобична сода, една во сино паковање https://cravingsbychrissyteigen.com/recipes/chrissy-teigen-banana-bread/ Само јас не го печам како куглоф туку како леб
Фала за рецептот, превкусно изгледа. Само да те прашам, ставаш лажичка ипол сол? Некако премногу ми звучи...
Лажичка и пол пишува? јас сум го запаметила како пола лажичка и толку редам тоа е всушност за чоколадото да добие поубав вкус...иначе рецептов е топ, преубав ми излегува и маж ми што не е по колачи го обожава овој леб
Феминки епа еве и од мене еден рецепт. Кога ви се јаде нешто благо и брзо... БРЗ СТАРИНСКИ КОЛАЧ СО МАРМАЛАД И ГРИЗ, МЕРА НА ШОЉА ОД 200МЛ. Сите состојки ги имате веќе дома, готов за точно 25 минути! Туку што го направив, цела кујна мириса фантастично на ванилин шеќер и мармалад! Погоден е за почетници, а и да ги изненадите вашите блиски. Состојки: 3 јајца 1 шоља брашно 1 кесичка ванилин шеќер 1 шоља млеко и зејтин 1 шоља гриз и брашно 1 кесичка прашок за пециво 1 шоља мармалад(било кој, што го имате дома) Јас користев од шипка таков имав. Не ви е потребен миксер, јас со виљушка ги мешав состојките! Состојките измешајте ги во еден сад, како што ги напишав по тој редослед. Земете плех(тавче) подмачкајте го со зејтин и наросете малце брашно. Истурете ја смесата и печете на 180 степени, 25 минути. Колачот треба да биде мек одозгора. Кога ќе биде готов ставете шеќер во прав одозгора и на здравје!
Со мелено купечко овесно брашно да не го правеше, тоа обично знае да горчи? Досега не ми горчело ништо со сода и прашок комбинација во торта или било што.
Не не регуларно исто се како и до сега. Плус е само содата ама веројатно ставив повеќе од што требаше. Нема што друго да го смени вкусот. Значи додека јадеш е неутрално кога ќе голтнеш е тогаш не да горчи абе ќе се покаеш.
Дечки ми треба идеја со што друго би можело да се конзумираат Rice Cakes т.е оризовите галети освен со путер од кикирики, риба, туна, итн.. Фала ви!
Тие мислам дека се неутрални, така да што и да ставиш ќе одговара Јас сум ставала хумус, крем сирење, паштета, гвакамоле со јајце, можеш и обичен путер со било каков џем