Купив замрзнат прокељ, малце го варев, па брзински го пропржив на путер - горчеше. Зошто? Како да го зготвам, а да не горчи?
Го земавме од кам, но досега немам сретнато во ваква боја очекував да е порокалов. Дали има благ компир со ваква боја?
Пробав пудинг со арома на кокос и ми дојде идеја дека супер би одел со ананас. Па би сакала да направам проста торта, помеѓу (купечки ) пандишпан редови да ставам од пудингот од кокос и парчиња ананас. Е сеа се мислам, дали пудингот да го помешам со нешто, ко на пример слатка павлака или шлаг? Да не е прегусто само пудинг? Дали да користам свеж ананас, дали ќе се разводени сè? Или од конзерва? @Anika55 дали можеби можеш да ми сугерираш како е најдобро?
Мислам дека подобро е свеж ананас. За мене најважно е да може да се јаде тортата, не е важно дали е рамномерна, растопена и слично. Ја замислив во замрзнувач оставена пола саат и таква ладна за јадење. Ама може само јас сакам ладни торти и се што е ладно. Сепак можеби не би била лоша како ладен десерт.
Пудингот ќе го измешаш со слатка павлака, ама ќе го свариш погуст, во смисла две или три ќесички пудинг на 500-700мл млеко (ако ставаш две нека биде 500мл, ако ставаш три, нека биде 700мл). Ќе ја изматиш павлаката и ќе ја измешаш со оладениот пудинг, ќе добиеш убава воздушеста смеса. Ама нема да е многу цврста, но е повкусна отколку да го измешаш пудингот со маргарин како што вообичаено се прави. За ананасот, може и свеж и од конзерва, со тоа што ако користиш од конзерва, ќе ставиш помалку шеќер во пудингот, и овошјето да биде убаво исушено со кујнска хартија пред да го ставиш во тортата. Ако правиш со пандишпан, ќе го наредиш ананасот одозгора на пандишпанот, тој ќе го впие вишокот течност и ќе биде посочен, а нема да ти го разводни кремот. А може и со сокот од конзервата да го прелиеш пандишпанот.
Јас имам правено колач со свеж ананас, ок беше. Само би го исцедила малку пред употреба секако, можеш да го стиснеш со кујнска хартија. Пудингот измешај го со слатка павлака и со омекнат путер. Без путер не сум пробала ама мислам дека ќе се растекува и нема да можеш парче да исечеш. Ако користиш готови кори обавезно навлажни ги малку. Можеш со млеко на пример. Готовите кори се премногу суви, никако не ги оставај така. Можеш и со рум па тортава да се вика пинаколада
@gjoker4e @Annath @Anika55 фала ви на сите совети, пола од работите не ги знаев воопшто! Ми се допаѓа и опцијата да додадам рум ммммм предобро!
Сакам да прашам, томатен сос што е во хартиено во вид на коцка амбалажа, пишува дека рокот му трае 4 дена од отворање, не го искористив цело во едно готвење што значи ако не го искористам за 3 дена да го фрлам?
Женски дајте ми рецепт за брзо и лесно тортуле, ми треба да сматам нешто на брзина колку да имаме торте за сликање, ќе правиме фотосесија.
Можеш да направиш поцврст фил од било кој рецепт и да користиш готови пандишпани за побрзо. Не сум правела, ама другарка ми прави така кога нема време и скроз е ОК на вкус. Плус се цврсти овие готовиве кори, нема да ти се распаѓа при филување.
Замесив тесто за погача, кило брашно, пола литро млеко, ама некако на тврдо ми се замеси, има ли некој марифет како да си ја спасам погачката ? дали да ја премесам уште еднаш кога ќе надојде, или џабе ми е? ( и во видеото со рецептот не е на меко тестото, ама кај мене ми се чини повеќе)