Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

Discussion in 'Рецепти' started by marama, Mar 16, 2011.

  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    1,440
    Likes Received:
    10,959
    Gender:
    Female
    Ти благодарам драга,баш ке видам по пекариве,во рамстор пакување само по 900 гр а цени до плафон,а ова сто ни продаваат е чиста лажга нажалост! :hai:
     
  2. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Joined:
    Mar 9, 2011
    Messages:
    188
    Likes Received:
    132
    Во повеќето продавници за здрава храна обично го продаваат рефус. Сигурно ќе биде поевтино одколку во Рамстор. Во Биона сигурно имаш, ама незнам за цени.
     
    Mama25 likes this.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Ние купуваме од на пазар. Таму е 50ден. 1 кг., ама убаво, квалитетно брашно. Го купуваме од кај една женичка. Така да, побарај во најблискиот пазар, мора да има некој кој продава. По Рамстор и другите маркети сигурно е поскапо, а брашното не е толку квалитетно. :)
     
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    1,731
    Likes Received:
    843
    Кулинарки :) едно прашање...дали ќе згрешам ако во рецепти кои содржат маргарин ставам (несолен) путер бидејќи е поздрава намирница. Ќе го упропасти или смени вкусот или напротив..?
     
  5. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    1,440
    Likes Received:
    10,959
    Gender:
    Female
    Нема да згрешиш само ке добиеш поквалитетен вкус и поздрав :) јас често употребувам како замена за маргарин путер во се било да е солено или благо.
     
    sunfemina likes this.
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    979
    Likes Received:
    1,752
    Gender:
    Female
    Да замолам некоја феминка ако знае оригинален рецепт за грчки таратор да го сподели !Ако може и напомена точно каква павлака ! Значи онаков каков што се продава во Веро,каков што служат во таверните... Се мислам дека не се прави со свежа краставица :x и нејасен ми е моментот како краставицата не пушта вода????
     
  7. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Joined:
    Apr 25, 2011
    Messages:
    337
    Likes Received:
    296
    Gender:
    Female
    Е каква павлака точно ставаат незнам ама пробај со оние грчките у веро што ги има за салати .Краставицата не пушта вода зашто прво се ренда се посолува и се остава 10 тина мин да пусти вода, и се стиска со раце да се исцеди од водата . Потоа додаваш павлака и зачини ( има у веро готов занзики зачин )и маслиново масло . А ако не сакаш готов зачин тогаш додади свеж копар ситно сецкан, бел бибер , мускатно оревче и сол по вкус :)
     
    AIT likes this.
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    1,731
    Likes Received:
    843
    Со копар се добива супер вкус ама не е ист со автентичниот вкус на ѕаѕики, затоа на кептанс специјалниот зачин ѕаѕики го доловува тој вкус ;)
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159
    Знаете ли некој испробан рецепт за тестенини со четири вида сирење?
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159
    Каков маргарин користите кога правите пире? Од оној за мачкање или Кристал?
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    1,731
    Likes Received:
    843
    Строго путер, поздрава варијатна и далеку повкусна гарантирано. Јас ставам од oвој.
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159
    Ама путерот има повеќе масти нели?
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    1,731
    Likes Received:
    843
    Тука се работи за бирање помеѓу две зла :D Важно е и каков маргарин и каков путер ќе се одбере, има различни ама тоа е широка тема. Јас ретко ги користам и двете, но сакам путер повеќе..па и ствар на личен вкус е можда.
    Повеќе инфо тука

    Инфо плус - Вистината за маргаринот
    Маргаринот на светската сцена се појавил 1869 година, конструиран како ефтина замена за путерот, наменет за работничката класа. Но маргаринот нема никаква допирна точка со путерот.
     
    maja8 likes this.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,470
    Утре за ручек ќе правам проја,дајте ми идеи што можам да и ставам на пројата,како е највкусна, да експериментирам малку :)
     
  15. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    1,258
    Likes Received:
    426
    Сирење и зелје, јас така ја обожавам највеќе.
     
    ludoto19 likes this.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,077
    Можеш комбинација на спанаќ и сирење. Можеш шунка и сирење ... можеш зеленчук ... зависи што си љубиш да каснеш. :)
     
    ludoto19 likes this.
  17. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Joined:
    May 31, 2011
    Messages:
    1,457
    Likes Received:
    1,559
    Gender:
    Female
    Кулинарски тајни

    Зошто месото го ставаме во ладна вода кога готвиме супа, а во топла кога сакаме да биде повкусно?
    Колку е температурата повисока, толку и површинското згрутчување на месото е поголемо. Значи ако месото го ставиме во топла вода, ќе се згрутчи на површината и со тоа голем број на квалитетни состојки ќе останат во неговата внатрешност. Ако пак месото го ставиме во ладна вода, квалитетните состојки ќе излезат низ површината и со тоа ќе ја збогатат течноста во која се готват.
    Ако сакате сочно печено месо, најчесто се вели дека треба да се испржи на висока температура, а тоа е така за квалитетните состојки да останат во средината на месото.

    Зошто некои намирници ги солиме пред готвењето, а некои после?

    Зависно од тоа дали сакаме некоја намирница да биде сочна или крцкава, ја солиме пред или после готвењето. Па така, пржените компирчиња се солат веднаш пред да ги консумирате. Од друга страна, доматот содржи големо количество вода и затоа ќе го насолите и ќе го оставите неколку минути, по што ќе ја исцедите целата течност од него, ако сакате да го употребите како состојка во некое јадење.

    За посочно месо згответе го во саламура

    Солењето со обична сол по надворешноста на производот е секако првата идеја кога станува збор за посолувањето на храната, но месото на пример е многу подобро да го готвите потопено во саламура. Тоа е така бидејќи солта обично ја извлекува течноста на површина, па ако сме ја посолиле храната надворешно согласно тоа и течноста ќе ја влече надвор, но истиот процес нема да се случи ако месото го потопите во саламура, бидејќи колку подлабоко навлегува солта во месото така и ја влече течноста кон себе односно кон внатрешноста на месото. Како резултат на тоа не само што ќе имате сочно место, туку и вкусна крцкава кора.

    Топлата храна се служи на температура од 37 степени

    Научниците дојдоа до откритие кое вели дека со зголемувањето на температурата се засилува и осетот за вкус, па така ако ја послужиме храната на температура повисока од 37 степени толку подобро и ќе го почувствуваме вкусот.

    Како да зготвите кајгана, а како омлет?

    Кога готвите кајгана во јајцата кои ги матите треба да додадете млеко, а кога готвите омлет потребно ви е ладно масло. Млекото при готвење на кајгана се додава бидејќи со тоа добар дел од течноста се задржува во мешањето на белките и жолчките, а тоа е добро за готвењето на ваков оброк, но од друга страна тоа би било премногу влага за готвењето омлет бидејќи тој треба да има многу покомпактен изглед. Затоа кога готвите омлет во смесата додадете ладно масло затоа што тоа побавно ќе се стопи во масата и со тоа рамномерно ќе се измеша со смесата.
     
  18. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Joined:
    Apr 7, 2012
    Messages:
    897
    Likes Received:
    7,318
    вечер ќе имам гости на црно винце па барам помош од феминки што прилог(мезе) да направам со тоа :) време значи немам воопшто бидејќи денес сум до касно на работа :tmi: така да очекувам брзи рецепти ;) :) и предлози :wasntme:
     
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2011
    Messages:
    3,119
    Likes Received:
    20,937
    Gender:
    Female
    Салатата од туна е една од наједноставните, најбрзите и највкусните салати. Може да се послужи како оброк, но исто така и како закуска.
    Што е потребно за овој рецепт:
    2-3 домати
    2 зелени пиперки
    Една рака спирални тестенини или макарони
    2-3 јајца
    1 голема конзерва со туна
    малку мајонез
    сол
    бибер
    магдонос
    лук (по избор)
    Како да ја подготвите салатата?
    Сварете ги јајцата и тестенините и потоа оставете ги да се оладат целосно. Потоа јајцата исечете ги на четвртини.
    Исцедете го маслото од туната, а зеленчукот исечете го на поголеми парчиња.
    Измешајте го мајонезот со туната, додајте сол и бибер по желба, ставете го ситно исечканиот магдонос и лукот (доколку се одлучите да ставите) и сето тоа помешајте го со тестенините.
    Во направените тестенини додајте ги јајцата и зеленчукот.

    Лукот одлично ќе се вклопи во салатата и ќе им даде посебен вкус на туната и јајцата.
     
    Mrs.Bass likes this.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    21,284
    Likes Received:
    111,708
    Gender:
    Female
    Колешке, што не кажуваш вакви работи. Трк у супермаркет после работа, купуваш малку пршутче или некое суво мевце ама многу тенко насецкано, некое парче сиренце овчо, кашкавалче ама не сецкано туку цело парче, малку сланинка сецкана тоа, маслинки обавезно, зденки, некое парче биено сирење или ако џебот вика ОК купи едно парче пармезан ама не рендан туку цело парче, некои јаткасти плодови, бадемче, лешниче, индиско оревче и купи една две чоколади, оние што ти се на Нестле со јаткасти плодови, ама не обично пакувани туку во картонска кутија. Дома виткаш парчиња сиренце и кашкавалчиња во пршутче и сланинка, мешано, малку така, малку така, на тавче, ако имаш грил тавче уште поубаво, потпржи од двете страни по малку, колку да се спои мевцето со млечниов прозвод и да зарумени. Со јајца и презла испохувај ги зденките како што похуваш било што, прво во јајце па во презла и пак јајце па презла, бидејќи зденката бргу се топи па да не ти се растече, и таа колку да зарумени. Свежа салата уз винце не ти иде, ама можеш да декорираш така што на тањир или даска ќе ставиш од овие пржениве сиренца и кашкавали уз пршутката и сланинката врз зелена салата секако, на друга страна пак лист салата и похованите зденки со маслинки низ нив, во средина, ако имаш мали садови за апетисани, стави ги на тањирот или даската, пример 4 тањирчиња, во едни лешници, во други бадеми и во трети индиски ореви, во четвртото чоколадо искршено на парчиња неправилни, колку една коцка отприлика. Во кујна имај на готовс извадено се и само ќе притураш кога ќе снема. Тук там по некое шери со малку сол на него и тоа е тоа, ќе изгледа отмено и убаво ;) А за вкус не дискутирам, ова ти е мезе ипол за црно вино!