Пред околу две недели имав купено свежи батаци, кои ги замрзнав,сега ги одмрзнувам и гледам дека рокот им бил до 07.03 а пакувани се на 29.02 . Дали можам да ги користам бидејќи беа замрзнати пред рокот да им истече или да ги фрлам?
Го најдов рецептот тука доста членки според овој рецепт правиле тесто за пица па ме интересира од колку мл е таа чаша? Мислам дека @Kate Rina 93 има правено или грешам?
Ги искористив. Рокот важел за свежи незамрзнати ако се користат,со замрзнување се продолжувал рокот како и за секое замрзнато месо што го чуваме во замрзнувач, па и до година дена. Јас само две недели ги имав во замрзнувач,ништо не им беше.
Не сум пробала,а сакам да направам пастрмка во рерна... Дали сте правеле и како? Маринирана некако претходно...
Значи вака, не знам дали е за овде прашањево. На пинтерест има преубави идеи со здрави рецепти кои сакам да ги направам. Од таму црпам многу инспирација. Ама не ми е јасно што значи она нивноно one cup, 1/2 cup, 1/4 cup. Колку е во милилитри или грамови ова нивно фамозно cup? Некој да ме просветли? Еве има преубав ррцепт за браунис со сладок компир ама сето е во cup пресметано И она 5 Oz, 7 Oz, како мерка за течност не ми е јасно..
На гугл можеш да ги конвертираш сите мерки. Или може да си набавиш мерилки за полесно. Јас од Веро ги имам купено, ама верувам дека има и по другите поголеми маркети. Спојлер
@Anika55 Овде имаш 5 мерици со различна големина, прашањето ми е која е нивната стандардна големина за 1 cup. Не ми требаат мерици да купувам, имам дигитална вага која мери и грамови и течност. 250 ml е? Гледам така пушува на мерицава. Еве конкретно за овој рецепт мислев Според мерициве погоре треба 250 гр варен сладок компир, 60гр какао,125 гр путер (кикирики,лешник) 60 гр јаворов сируп. Таман е?
Може ли добар рецепт за ориз во тава, не сакам да ми е леплив, сакам зрната да се убави. Последниот пат ептен го утнав
Запржувам кромид и морков ситно сецкани, го мијам убаво оризот во цедалка, да биде проѕирна водата, го ставам и него некоја минутка да се запржи. 1 чаша ориз и 3 чаши вода сооднос. Сол, бибер, вегета по вкус и сув магдонос.. и печам. Исто во тавата ставам и пилешко претходно сварено.
Сакам да купам за подарок книга со вегетаријански рецепти, некој предлог? Може и на англиски. Но сакам да биде некоја што има корисни идеи, да не и стои на полица.
Жени , некоја со искуство околу торти? Постои ли начин тортата декорирана со хопла да не испука преку ноќ?
Кои колачи може да се прават и да се замрзнат, а да не се бајадера, сникерс, обланди. Сакам нешто поинтересно, да почнам полека да си спремам за Велигден повеќе видови, па затоа се мислев да ги замрзнам.
Кажи ти кои колачи сакаш да ги правиш па да ти кажеме дали може да се замрзнат Едино такви парени торти, трилечиња, тие не би ги мрзнела, друго реално можеш се. Ролати, бомбици со различни состави и баклава сум мрзнела ама таа не ја правиме за велигден. Поп кејк мислам дека исто може и за дечиња се интересни. И путер колачи сум мрзнела.