Можам ли место павлака, да ставам јогурт за сос за шницли? Павлака имам малку ама нема да стаса, друго имам млеко и јогурт.
Дали сте правеле фил за торта од замрзнато овошје, и ако да, искуство дали е убаво? И како сте го направиле?
Мислиш како главен фил или да ишараш низ кремот на тортата? Јас обично правам крем од замрзнато овошје за палачинки, чизкејк,мафини.. Ставам замрзнато овошје што и да имам, малце вода да не гори додека се одмрзнат на рингла, лажица шеќер/мед, малце лимон,малце ванила екстракт. Оставам да врие така додека се распадне и згусне овошјето. Точна мерка немам, секогаш правам од око. @Elence93 не знам дали има веган слатка павлака (или растителните ако ги смееш), јас би направила малце еспресо или нескафе разредено во вода, посни бисквити ќе ги натопам и редам во некој сад. Кремов размешан со слатка павлака, малце ванила екстракт, или кора од лимон/портокал, сок малце од истите да дојде како крем и ред бисквити, ред крем.
Да, како главен фил, еве баш сега правев еден таков фил од малини и додадов густин за да се згусне, и еден фил маскарпоне и слатка павлака. Па ставав кора, филот со маскарпоне па ред фил од овошниот фил, па пак исто. Ќе видиме како ќе испадне
Mozes da si svaris fil od svezi ili zamrznati visni, i da napravis use eden fil cokoladen, ili hopla i maskarpone ama poso nesakas hopla, bi bilo ubavo cokoladen
Ми треба некоја идеа за наше традиционално јадење што можеме да го однесеме за во градинка и да биде интересно за децата? Се мислев за некои бомбици ама тие не ми се баш традиционални
Vakvo nesto?? Jas ne sum ja pravela ama interesno mi deluva https://gotvi.mk/2023/06/10/ovosen-kolac-kisela-pavlaka/
Јас знам дека е глупо прашањево ама... Како печете компири во рерна, а да се убаво испечени, во отворена тава? Онака зборам насечкани обично со риба или пилешко или за мусака Јас увек мора да ги проварам прво Ставив пред некој ден со пилешко и вода налеав доволно и факинг саат ипол ги оставив компирите (месото го извадив пред време) и уште беа живи некои Или једино чаре е само во затворен сад да печам?
@Munchmallow20 Во затворен сад многу побрзо ќе се направат. Пример, во затворен сад, за отприлика половина час ќе омекнат. Потоа може да го тргнеш капакот и да ги печеш така уште 15 минути дополнително. Ова за со пилешко. А инаку, мусаката секако во откриен сад, 30-45 минути (понекогаш ако е слаба струјата, може и 1 час) во претходно загреана рерна на 250 степени.
Лупам и сушам со салфетка прво, па ги сечам вака и пак просушувам со салфетка. Сол, маслиново, куркума и мешам. На тавата ги редам да не се чепкаат едни со други Вака. За 30тина минути се готови, однадвор крцкави а внатре меки. На 200-220 степени. А со пилешко ги печам затворени во пекач, сат и пол - два.