Колешке морав да се самоцитирам и да си кажам, пошто прееска забораив, пармезанот можеш да го исечеш со ноже за лупење компири и ќе излезат многу убави лентички, како мали тенки парчиња и многу декоративно ќе изгледа и таман за јадење бидејќи е доста масно, не сум сигурна дали можеш истото да го направиш со биено сирење, ама во секој случај можеш да пробаш, ако не иде сечи го на мали коцкички и расштркано наместени на даската или тањирот, лелеее.... Веќе си имам во умот како би изгледало тоа, бои, бои, вкусови, вкусови....
^^^фала ти колегинице на прекрасните идеи за моите вечерашни гости... добив милион идеи благодарение на тебе ај по едно винце за нас
еве ме на репорт значи колешке имав спремано гооолема даска со биено сирење , солени стапчиња со сусам обвиткани со пршута, рано разни сувомеснати, па крекери со зденка и павлака и златиборац кулен одозгора...мали садови со печени бадеми, кикирики, и лешници...и салатка со павлака , биено сирење и копар+разно разни зачини...гостите донесоа чоколада па кога сум ставила чаши за вино на зелен преубав чаршав , во средина даската а под неа собрано светкаво мало чаршавче за декорација и тук таму некоја мала свеќичка...абе милини... а гостите кога дојдоа беа и прашалници ,,кој е поводот,,....нема повод мили мои ...само седенка со мили гости и црно вино....
Општи прашања Цел клас или само зрна? Ако е цела пченка најдобро би било да се вари, а ако се зрна може и да се вари, пече и пржи на малку масло или да се додаде во некое јадење што се готви.
Ако се испржи нема ли да и се направат пуканки? Инаку , иако е замрзната, стави ја во во вода и свари ја.
Пченката за пуканки е поинаква и не е смрзната. Спојлер Пченка за пуканки Aко е од овој тип како на сликата, слободно може и да се пржи...испробано е не пука
Решена сум да декорирам ананас. Да го излупам и како на чачкалици(се надевам ќе најдам такви метални) да наредам најразлично овошје(јагоди, банана, каки, киви..) Прашањето ми е за внатрешноста на ананасот. Убаво ќе го испразнам и дел од овошјето и внатре ќе ставам, но сакам и млеко од косос Никад немам купено од оние конзервине кокосово млеко, и не знам каков би бил вкусот ако ја исполнам внатрешноста на ананасот со него. Има ли некој искуство, или евентуално совет како ова подобро да го изведам?
^ Ствар на вкус, додека не пробаш неможеш да знаеш. На некого ќе му се допадне на некого не. Кокосово млеко имам пробано само од кокос како овошје а не и од конзерва. Некако ми е сомнителен тој вкус и начин на обработка. Како и да е, ананас јас не би го мешала со благо кокосово млеко, подобро би ставила некој киселкаст овошен прелив а внатре освен ананас би ставила и јагоди, банани, лубеница, диња и сл. (зависи што може да се купи), а горе за завршеток на декорација (во зависност како го замислуваш) шлаг со кандирани вишни и др. ...е сега сакам ананас, јагоди, вишни...
Имам некој постар рецепт за некое тесто. Ги имам состојките, а постапката е зашмрљана и не можам да ја дешифрирам...како и да е не е комплицирано замесувањето ама се двоумам само за едно т.е. за квасецот. Дали секогаш квасецот на страна се кисне (така до сега секогаш сум го правела) или може и директно во брашното и другите состојки да се стави и да се меси?
Поубаво е кога на страна се кисне квасецот. Во малку млеко, сол, шеќер и лажица брашно, додека да нарасне. После го ставаш во брашното и другите состојки и месиш, па оставаш да нарасне тестото. Јас бар така правам
Може да се стави и директно и да се меси. Предноста на нараснувањето на страна на квасецот е тоа што, така приготвениот квасец побрзо и подобро делува, отколку оној што ќе го ставиш и веднаш ќе го месеш. А на овој начин таа постапка е позабавена и ќе ти биде потребно многу повеќе време на нараснување на тестото (пример ако ти нараснувало тестото за 30 минути (со настрана подготвениот и нараснат квасец, во другиот случај ќе ти биде потребно повеќе од еден час).
Девојки ми треба совет, сакам нешто да зготвам, имам еден убав рецепт ( солен) само нешто ме буни, во рецептот пишува да се додаде слатка павлака, е сега се мисли на солена хопла, на блага хопла или пак на обична павлака на пример оваа
Ама ако ти е солен рецептот не ставај ваква со шеќер, таа е за десерти. Јас би ставила од обичната павлака наместо хопла. Хоплата е малку потешка за јадење, особено кога е во комбинација со тестенини.
На многу солени рецепти имам налетано да пишува слатка павлака зашто луѓево некако името Хопла го изедначуваат со слатката павлака. Тебе ти треба обичната, неутрална, без шеќер. Значи исто се вика Хопла, а има и Халта, Саниа....разликата е само во цената.