Да изрендам се за мешана салата од вечер да стои до сабајле во фрижидер не зачинета убава ќе е? Си велам со фолија завиткана нема да се исуши
Ако мислиш на зелка, морков, марула, цвекло можеш. Јас најчесто купувам марула зелка и морков сецка се и рендам во најлонска кесичка и во фрижидер стои неколку дена сигурно. Најбрзо и најлесно за салата
По цела недела ми стојат исецкани во фрижидер во стаклени кутии за складирање, зелка, морков, цвекло, некогаш и трупки, ама поретко тие. Ништо не им е.
Најпрво исечи ги како крст и стави ги во вода да зовријат не многу нека вријат 5 до 10 минути и потоа стави ги во рерна со хартија. Преубави.
Исто, кога гледам слики лиги ми течат а сакам да се сочни и меки, затоа барам испробан рецепт ќе почекаме може ќе каже некој
Женички ај ве молам за совет. По ист рецепт си правам секогаш мекици, леб итн. Значи проверен ми е многу пати и секогаш ми успевал. Арно ама последните 2 пати нејќе тестото да се крева. Го проверив рокот на квасецот и си има рок, до брашното не е дека многу пати правам со истово, значи сѐ исто а го чекам час ипол и упорно си стои исто, минимално само кренато. До што може да е? Каде грешам?
У прежешка вода/млеко да не си го ставила? Или преладна? Да не стаи повеќе вода/млеко од вообичаено? Јас знам дека сол не се става во квасец. Да не имаш стаено сол место шеќер у квасецот? Или со иста лажица од сол? Шеќер стаи? Друга марка на квасец да не имаш купено? Или можно е од фабрика да утнале цела серија, да ја расипале формулата.
Сѐ исто ставив како што сум ставала. Нормална млака вода, сол у квасец никогаш не ставам дека и јас знам не се става сол туку шеќер. Квасец купувам стандарт истиот, Зико сувиот. Јас мислам дека ќе е нешто до квасецот. Еве сега моментално имам замесено пак тесто ама со нов купен квасец исто од Зико, па баш ме интересира овој пат како ќе биде.