Можам ли да затоплам лазањи со мелено месо. Вчера ми остана поголема количина и не ги фрлив. Ама многу внимавам на притоплување на храна, се мислам ќе се затруеме
Доцна гледам за жал ама може ќе ти се најде за понатаму. 1 главица кромид ја сецкам на ситно, пржам до омекнување на тивко. Додавам 1 ситно сецкан морков и мелено месо, мене ми е најубаво со мисиркино не ми е тешко ако претерам со тањир плус Кога ќе фати боичка ставам вода и 2 3 лажици густо доматно пире. Варам на тивко додека не згусне и скоро испари водата па додавам зачини и на крај свежо нане преубав вкус дава. Варам на страна тестенини и најгоре рендам пармезанче
Сакам да го напраам она Дубаи чоколадото. Сакам да ве прашам вас тука од каде го купуете калапот за чоколафото, кремот од ф'стак и кадаиф? И ако може препорака за кои брендови се најдобри за горенаведените ствари? Пример за крем од ф'стак, кој е најдобар? И дали би одело ова со киндер чоколадо? Или треба некое посебно? Или нема врска какво е?
За брендови стварно не знам кои да ти ги препорачам, не живеам во Македонија и не би знаела кои се најдобри таму. Додека за калапот мојот го порачував од тему. За чоколадото користев пола млечно пола црно, така ми е највкусно кога правам домашни чоколатца. Општо не се водам многу до оригиналните рецепти.
Калапот е од Тему. Крем од ф'стак имам купувано од Веро, Тинекс, Кам, ДМ, ама не секогаш има. Кадаиф исто можеш да најдеш во маркет, семкара, евентуално на пазар. Киндер чоколадото е полнето, мислам дека нема да одговара. Земи си некое млечно, тебе што ти е највкусно. Едит: Најдобар крем од ф'стак е Леска, ама тој го нема секогаш, а и кога го има релативно тешко се доаѓа до него - за неколку саати е распродаден
Рецепт за лепињи за тост? Не нараснати како лајбици, туку рамни како по сендвичарите што има за големи тостови.
Ова се вика цветање на чоколадото, губење на квалитет ќе има малку специфичен вкус само слободно може да го користиш
Да, може да се јаде. Ако ти пречи, можеш да го "поправиш" со темперирање (да го стопиш чоколадото на пониска температура). Кога ќе се стврдне, нема да има веќе бело. Побарај на гугл "bloomed chocolate".
https://www.butfirstcookies.com/sweet-tooth-sugar-cookies/ Преееедобар рецепт. Овде имаше и за ајсингот од горе мислам низ текстот