Јас имам домашен марципан правено од бадеми, потоа во форма на топчиња кои ги мрцкав во црно чоколадо.
Марципанот не е посен, вистински марципан се прави со белка од јајце, шеќер и бадеми. Ако е со поинаков состав, не е марципан. Читам по интернет дека се прави од бадеми, шеќер и вода, или течен засладувач наместо вода, ама јас гледав емисија за марципанот на некој од каналиве за готвење, баш збореа дека марципанот се прави со белка од јајце за да ги поврзе убаво шеќерот и брашното од бадеми и дека тоа е вистинската варијанта на марципан.
Оваа година задоцнив со ставање зелка, ја ставив пред една недела. Дали значи дека нема да ми стаса или ќе се расипе? Прв пат ова ми се случува ама не стигнав порано а колку сакам расолница
Зошто да не стаса? Нека стои во потопла просторија само, и ќе си стаса, секој ден да се точи само, така и побрзо ќе стаса.
Па не знам искрено, прв пат оваа година толку доцна ја ставив, се надевам ќе има расолница, веќе има убава боја
Мене не ми е јасно зошто ми црнеат оревите во баклава. Кога гледам во некои баклави оревите остануваат иста боја а кај мене црни.
Во сите џинџер колачиња што ми излегуваат на тикток гледам во состојки molasses, како горен шеќер е со уште нешто ама дали некој правел па да сподели искуство?
Сакам да ги прам виралните елки од зденка макната во зачини. Е сега се шо гледам е со рузмарин и/ли магданос. Магданос не јадам. Рузмарин мислам дека многу ќе боцка, можи грешам. И не сум сигурна сега кои зачини да ги ставам, а притоа да не е многу јак вкус. Босилек можда? Оригано?
Actually Сув имам ама да тркнам сабајле до пазар со свеж би било скроз добро. Сепак неќам да се само за украс, сакам да се јадливи.
Ако не најдам свеж ќе ги намакам во сув И мене ми е вкусен, не знам како не ми падна на ум. Босилек ми падна ама ок, јас и босилек (и песто) сме една душа. Ама пола од луѓето околу мене се нешто ми го хејтат.
Ако не тркнеш до пазар прованса миксот е одличен на вкус. На рајска градина долина како и да се викаше во кесички е од кам и кит го сум зимала