Лично, јас сум фан на Томи и никој не можи ни да му се "приближи" во квалитет. Ама вервам дека ова е прашање на вкус.
Јас обично ги правам за гости, јас не јадам ама мм вели убави биле ги валам во сусам едните а другите во црвена пиперна сол, таа малку што налутнува поедрата.(буковец)
Дали ладно цедено маслиново масло смее да се користи и за печење, пржење или исклучиво само како додаток на крај?
Ако направам несквик торта во недела дали ќе е убава за јадење во четврток ако стои во фрижидер без да ја мрзнам, зошто кога е мрзната не е ист вкусот како тазе.
Дали може да се замрзнат посна сарма и свеж магдонос? Ми остана сарма, а магдоносот многу брзо ми овенува.
Магдонос може да се замрзне, ама јас го чувам цело снопче во чашка со малку вода, покриен со најлонче во фрижидер. Со недели ми трае така.
Направив руска, арно ама киселите краставички се ептен кисели, мм не гледа што зема од маркет па којзнае каква сорта донесе. Како да го замаскирам киселиот вкус? Многу се осеќа. Руската ја направив со кашкавал, морков, грашок, салама, мајонез и малце сенф.