Едно поинакво прашање… Колку кг риба е доволно за ручек за 12-13 луѓе? Ке има и гравче, сарма. Треба да нарачам риба, ама немам претстава колку е доволно
Во 1кг пастрмка секогаш отприлика ми испаѓале 4-5 риби мах. За 10тина луѓе сум земала 3-4 кг, зависи колкави ќе ми кажат дека се рибите. Кај мене сите јадат риба, па сум гледала и плус килограм да има оти се јаделе и по 2 од човек. Најубаво во рибарницата од каде што ќе земаш да ти кажат колкави се и направи си математиката.
Сакам да правам средно висока торта и ми треба сигурен, проверен рецепт за цврст фил. И дали онаа путер крема можам да ја користам и како фил или само за обложување на тортата? Смеам на два пати со путеркрема да ја поминам надворешната страна од тортата?
Зошто помфритот ми се раскашкува и ми се праи ко варен ко го пржам? Купен е сецкан, замрзнат, ама претходните неколку пати ко го пржев, каша. Што правам погрешно?
Несквик корнфлекс или несквик за растворање во млеко? И едното и другото се посни, иако пишува дека може да содржат млеко, според главните состојки се посни.
За растворање во млеко. Правев слатки и ставив несквик наместо какао, па сакав да знам какви се дали посни или мрсни слатките. Значи посни се. Фала
Како загорува? Јас на малово му правам од онаа на дивела инстант што е. Ставам околи 200мл вода и 2 супени лажици ама мора да зоврие водата па да ставаш многууу внимателно зошто одма се згрутчува. После мешаш и за 5мин е готова
Ставаш колку што сакаш палента, зачини, мешаш со ладна вода (на пола филџанче палента јас ставам два филџани вода) и почнуваш да ја готвиш, со постојано мешање. Не престанувај со мешање додека не се згусне убаво, нема да загори така. Со ладна вода се меша палентата, пробај следен пат така.
Без да чекаш да зоврие вода? Мешаш заедно сооднос палента и ладна вода и мешаш дур е готова, така. Јас секогаш зовривам вода па постепено ставам палента и мешам Веќе подолго време од Кристал